Тиииит! Инк (Tiiit! Inc.) самите се опишуваат како „непрофитна организација за промоција на женската активност. Основните сфери на интерес и дејствување на организацијата се женските права.“
Меѓутоа дали тоа е навистина така?
Најпрво, самото нивно име е деградирачко за жените. Нивното име претставува игра на зборови и вулгарен назив. Поточно, tit/tits на англиски значи цицка/цицки (уличен, вулгарен назив за женските дојки). Дека станува збор за „цицка" се гледа и од нивното лого.
Да потсетиме дека токму ваквите организации постојано форсираат дека децата од најмала возраст треба ги знаат правилните термини на човечките репродуктивни органи (наместо к*р - пенис, наместо п**ка - вагина), но, се разбира, тие правила не важат за самите нив.
Понатаму, оваа организација, по правило, е тесно испреплетена со ХЕРА и Маргини:
Членовите на Тииит! Инк., во случајов - Јана Коцевска, го промовираат сеопфатното сексуално образование и се надеваат дека наскоро ќе стане ЗАДОЛЖИТЕЛНО:
И најважниот дел од тоа кои се Тиииит! Инк. се состои во нивните заложби за „родова еднаквост". Во делот Проекти, каде кажуваат дека се застапуваат за „родова еднаквост", постои линк до еден од нивните проекти, насловен како „Жени за жени".
Повторно самото англиско име на проектот, како и името на нивната група, има скриено значење. Имено, women on women (play me) на англиски значи сексуален контакт помеѓу две жени-лезбејки.
За каква „родова еднаквост" и за какви „жени" станува збор во овој нивен проект, ќе оставиме самите извадоци од веб страната на Тиииит! Инк. да ни кажат:
„...проектот се фокусира на РОДОВА ЕДНАКВОСТ низ феминистичка перспектива, трасирајќи го наследството на жените, особено низ интерсекциска перспектива, како и перспектива на различностите. Терминот ЖЕНИ, стои за жени, ТРАНСРОДОВИ и интерсекс луѓе кои се ИДЕНТИФИКУВААТ КАКО ЖЕНИ."
Кажано на поедноставен јазик: Тиииит! Инк. од една страна се претставуваат како феминистичка организација т.е. организација што се застапува за женските права и обвинуваат дека патријархатот (мажите) е виновен за „исклучување на жените од наративот“, а од друга страна, тие под поимот „жена" подразбираат и мажи што се самоидентификуваат како жени.
Comments