Аргументите на ЛГБТИ+ заедницата дека повеќето трансродови лица детранзитираат, т.е. го прифаќаат својот пол и прекратуваат со сите терапии за "промена" на полот, поради притисок од блиските и околината се потврдени како неточни.
Минатата година беше спроведена студија од страна на Ели Ванденбуш (фото) од отсекот за општество и економија на Реин Ваал универзитетот во Клеве, Германија, во која учествуваа 237 лица што детранзитирале, од кои 92% женски и 8% машки, на просечна возраст од 25 години. [1]
Ванденбуш и самата е една од тие што детранзитирале. Имено, таа на 16 години почнала да прима тестостерон, на 17 ѝ биле отстранети градите, а веќе на 20 години го прифаќа својот пол и детранзитира. [2]
Според студијата, најчестата причина поради која учесниците детранзитирале била тоа што сфатиле дека нивната дисфорија е поврзана со други проблеми (70%), загриженост за здравјето (62%) и транзитирањето не им помогнало во справување со дисфоријата (50%).
Сите тие при нивното транзитирање биле силно поддржувани и бодрени од ЛГБТИ+ заедницата и родовите клиники да го "променат" својот пол, но кога сфатиле дека направиле огромна грешка и почнале да детранзитираат, поддршката од "емпатичната" и "хумана" ЛГБТИ+ заедница не само што била нагло отсечена, туку и сосема биле изолирани.
Во заклучокот на студијата е наведено следново:
"Целта на ова истражување беше да се испитаат потребите и поддршката на оние што детранзитирале. Четирите категории на потреби (психичка, медицинска, легална и социјална), што беа креирани за појаснување на прашалникот, се упростување на вистинските комплексни (лични) искуства на оние што детранзитирале и имаат свои ограничувања. Сепак, овие категории овозможија оваа студија да го обелодени фактот дека повеќето од оние што детранзитирале можат да имаат корист од некаков вид на советување, особено кога станува збор за психолошка поддршка околу родовата дисфорија, коморбидитетите, чувството на каење, социјалните/физички промени и интернализираните хомофобични и сексистички предрасуди. Исто така, беше утврдено дека многумина имаат потреба од медицинска поддршка со цел да ја прекратат/сменат хормонската терапија, за компликации од операции/третмани и пристап до интервенции за детранзитирање.
Понатаму, оваа студија покажува дека оние што детранзитирале имаат потреба од простор каде ќе можат да чујат други случаи за детранзитирање и да го споделат своето искуство.
За жал, се чини дека поддршката што моментално ја добиваат лицата кои детранзитирале за да ги задоволат овие потреби е мошне оскудна. Учесниците опишаа големи потешкотии со системот за психофизичко здравје, како и нивно целосно отфрлање од страна на ЛГБТИ+ заедницата.
Многумина од учесниците изразија желба да пронајдат алтернативни терапии со кои ќе се справат со нивната родова дисфорија, но изјавија дека е невозможно за тоа да разговараат на ЛГБТИ+ просторот и медицинскиот простор.
Овие случаи се загрижувачки и тие покажуваат дека постои ургентна потреба за зголемување на свеста и намалување на противењето против детранзитирањето од страна на медицинските установи и членовите на ЛГБТИ+ заедницата, со цел да се излезе во пресрет на специфичните потреби на оние што детранзитирале."
Графа: Причини зошто повеќето трансродови детранзитирале
---------------
Извори:
Комментарии