top of page
MAIN b&W.jpg

ЗА НАС

Балкански лидер што се залага за заштита на децата од родовата идеологија. Коалиција на повеќе разнолики организации и здруженија од општествениот и граѓанскиот сектор кои имаат различни дејности, но се обединети по она што е заедничко за сите нас - децата. Она за што се обединуваме е заштита на децата од родовата идеологија и раната сексуализација преку образованието, промовирање на семејните вредности во општествениот и социјалниот живот, како и полова рамноправност и комплементарност меѓу мажите и жените.

 

Коалицијата создадва подлога за стручно и професионално делување, каде што можат експерти од различни области да го дадат своето стручно мислење и придонес. Исто така, широкиот дијапазон на Коалицијата овозможува будно следење на проблематиката поврзана со децата и семејството и секој новитет станува полесно забележан и соодветно реагиран.

 

 

Согласно секуларниот карактер на државата, во кој ниту една група граѓани нема право на идеолошка доминација, сметаме дека не смеат едни гледишта да бидат фаворизирани, а други занемарени и дискриминирани. Затоа, во државното образование треба да се земат предвид гледиштата и чуствата на родителите и семејствата чии деца ќе бидат изложени на новите наставни програми (родово-сензитивно образование, сексуално образование и сл). Ние, родителите на нашите деца, сакаме да ги одгледаме, воспитаме и образуваме нашите деца согласно нашиот морален интегритет, што претставува неприкосновено право на човекот согласно член 11 од Уставот на нашата земја. Дополнително, согласно член 26 (став 3) од Универзалната декларација за човекови права: „Родителите имаат првенствено право да го изберат видот на образованието што ќе им биде дадено на нивните деца“.

Визија

Растечка коалиција која прогресивно ги промовира половата рамноправност и фамилијарните вредности, со акцент на заштита на децата од родовата идеологија и раната сексуализација преку формалното образование, промоција на традиционални вредности во општествениот и социјалниот живот. Визијата е невозможна без поддршка на постулатите за слобода на мисла, говор, изразување и вероисповед, како и целосно исклучување на цензурата. 

 

 

Мисија

Сплотено и хармонизирано делување со заедничка цел за заштита на нашите деца од штетни закони, дискриминација и идеолошка индоктринација во образованието, општеств- ениот и социјалниот живот. Заштита од модерната дискриминација - каде правата на поранешно маргинализираните групации, денес се ставаат на пиедестал и ги опресираат правата на сите останати граѓани, агресивно наметнувајќи им ја нивната идеологија и убедувања.

Наша мисија е и вмрежување и соработка со други организации од Балканот, Европа и светот, со цел заедничко делување и ослободување од опресивните стеги што се наметнуваат во општеството од одредени групации. 

Цели

  • Будност и проактивно делување

  • Подигање на свеста кај јавноста и властите за лукаво инфилтрираните закони кои се носат под превезот на „еднакви права“, „заштита на жените“ и сл.

  • Сестрано застапување на половата рамноправност и комплементарност.

  • Организирано заедничко делување пред властите и јавноста.

  • Обезбедување на гарантираното право за слобода на изразување, согласно член 16 од Уставот на Република Македонија.

  • Заштита од модерната дискриминација - каде се дискриминирани сите оние кои ги негуваат традиционалните фамилијарни вредности.

  • Меѓусебна поддршка на партнерите во коалицијата.

bottom of page