top of page
MAIN b&W.jpg

ЗА НАС

Балкански лидер што се залага за заштита на децата од родовата идеологија. Коалиција на повеќе разнолики организации и здруженија од општествениот и граѓанскиот сектор кои имаат различни дејности, но се обединети по она што е заедничко за сите нас - децата. Она за што се обединуваме е заштита на децата од родовата идеологија во образованието, општествениот и социјалниот живот, како и полова рамноправност и комплементарност меѓу мажите и жените.

 

Коалицијата создадва подлога за стручно и професионално делување, каде што можат експерти од различни области да го дадат своето стручно мислење и придонес. Исто така, широкиот дијапазон на коалицијата овозможува будно следење на проблематиката поврзана со децата и семејството и секој новитет станува полесно забележан и соодветно реагиран.

 

 

Согласно секуларниот карактер на државата, во кој ниту една група граѓани нема право на идеолошка доминација, сметаме дека не смеат едни гледишта да бидат фаворизирани, а други занемарени и дискриминирани. Затоа, во државното образование треба да се земат предвид гледиштата и чуствата на родителите и семејствата чии деца ќе бидат изложени на новите наставни програми (родово-сензитивно образование, сексуално образование и сл). Ние, родителите на нашите деца, сакаме да ги одгледаме, воспитаме и образуваме нашите деца согласно нашиот морален интегритет, што претставува неприкосновено право на човекот согласно член 11 од Уставот на нашата земја. Дополнително, согласно член 26 (став 3) од Универзалната декларација за човекови права: „Родителите имаат првенствено право да го изберат видот на образованието што ќе им биде дадено на нивните деца“.

Визија

Растечка коалиција која прогресивно ги промовира половата рамноправност и фамилијарните вредности, со акцент на заштита на децата од родовата идеологија во формалното образование, општествениот и социјалниот живот.

 

 

Мисија

Сплотено и хармонизирано делување со заедничка цел за заштита на нашите деца од штетни закони, дискриминација и идеолошка индоктринација во образованието, општеств- ениот и социјалниот живот. Заштита од модерната дискриминација - каде правата на поранешно маргинализираните групации, денес се ставаат на пиедестал и ги опресираат правата на сите останати граѓани, агресивно наметнувајќи им ја нивната идеологија и убедувања.

Наша мисија е и вмрежување и соработка со други организации од Балканот, Европа и светот, со цел заедничко делување и ослободување од опресивните стеги што се наметнуваат во општеството од одредени групации. 

Цели

  • Будност и проактивно делување

  • Подигање на свеста кај јавноста и властите за лукаво инфилтрираните закони кои се носат под превезот на „еднакви права“, „заштита на жените“ и сл.

  • Сестрано застапување на половата рамноправност и комплементарност.

  • Организирано заедничко делување пред властите и јавноста.

  • Обезбедување на гарантираното право за слобода на изразување, согласно член 16 од Уставот на Република Македонија.

  • Заштита од модерната дискриминација - каде се дискриминирани сите оние кои ги негуваат традиционалните фамилијарни вредности.

  • Меѓусебна поддршка на партнерите во коалицијата.

ГЛАВЕН ПАРТНЕР

web_extremist-profile_family-watch_edited_edited.jpg

ПОДДРЖАНА ОД

GENID-logo (1).png

БАЛКАНСКА МРЕЖА

2552780_1_orig.png
36661739_1470418303104065_84923377952751

ПАРТНЕРИ ОД СВЕТОТ

NEW-MR-web-Logo1-472-102_edited.png

ПАРТИСКА ПОДДРШКА

Родина Логоа-01-01-01_edited_edited.png
ЛОГО ИНТЕГРА_edited.png
338301030_756426635892803_20948117232376

КОАЛИЦИОНИ ПАРТНЕРИ

received_522965849131048 (1).webp
Od_Nas_Za_Nas_Logo-2-slika_edited.png
Лого Иницијатива_edited.png
146676109_433277384581621_67648320296637
received_828859048510353 (1)_edited.png
329544877_871601390771595_4923969400336119741_n.jpg
komunitas.jpg
SEAM.jpg
KRALSKI IZVIDNICI.png
Lidija prerabotana.png
Асоцијација Лимбо_edited.jpg
Јавор лого.jpg
275892310_2221416328011696_835356546398820742_n.jpg
120802281_10219141555544257_6672179660572011338_n.jpg
323925057_586421959980038_1550901086317394242_n.jpg
интегра 2.jpg
МАК.ХРИСТИЈАНСКА ЕВАНГЕЛСКА.jpg
thumbnail.jpg
275751138_763287001722918_1686417128023140647_n.jpg
277028010_1253820018475973_3124249086105334180_n.jpg
Untitled.jpg
20220401_072933.jpg
277028341_645703099867622_8570036081712099979_n.jpg
Logo Emocionalno.jpg
елеуса.JPG
290330527_114443094632800_5599742833562385001_n.jpg
download (4).jpg
416756840_857863109672070_91458323229384
Forum za avngardna kreativnost.png
photo_2022-11-02_12-17-47-removebg-preview.png
unnamed.jpg
LOGO.jpg
FB_IMG_1705694676671_edited.png
bottom of page