ПОЛИТИКА за ПРИВАТНОСТ
Оваа политика на приватност се однесува на веб-страницата zadecata.org.
Политиката на приватност има за цел да ги објасни практиките на организацијата во делот на поединечните идентификациски податоци (лични податоци) кои ги обезбедувате Вие или некоја трета страна на веб страницата zadecata.org.
Заштитата на личните податоци на корисникот на оваа веб страница е регулирана со оваа Политика на приватност и одредбите од Законот за заштита на личните податоци и задолжителните упатства на Дирекцијата за заштита на личните податоци.
Сигурност
Zadecata.mk презема и одржува строги мерки за заштита на безбедноста и доверливоста на Вашите лични податоци за да ги заштити истите од случајни или намерни манипулации, губење, уништување или од пристап од страна на неовластени лица. Вашите лични податоци нема да се даваат на трети лица, освен ако важечкото законодавство бара откривање на овие податоци на надлежните органи, но единствено и само на нив.
Автоматски собрани информации, кои не се лични податоци
При прегледување на оваа веб страница, одредени информации се собираат автоматски (не преку регистрација), кои не се поврзуваат со определено лице (на пр. користен интернет-пребарувач, име на домен од кој доаѓате, број на посети, просечно време на задржување на страницата, повикани страници и сл.). Овие информации ги користиме за да ја испитаме ефективноста на нашата веб страница и да ја подобриме нејзината содржина. Исто така користиме и колачињата на различни начини со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата страница. Ако го одбивате користењето на Cookies, имате можност да го наместите вашиот интернет пребарувач, така што ќе ги брише овие Cookies од вашиот компјутер или ќе ги блокира сите Cookies, пред да се зачува кое било од нив.
Дополнителни прашања и информирање
Ако имате било какви прашања или загриженост во врска со нашата Политика на приватност на Вашите податоци при користењето на оваа веб страница, Ве молиме да не контактирате преку Контакт формата на нашата веб страница.
Лични податоци
Веб-страницата прибира основни лични податоци од корисниците кои доброволно ги внесуваат, со цел за нивно информирање за проектите и настаните на Коалицијата за заштита на децата. Личните податоци и коментари кои ги запишувате се процесираат преку https безбедносна енкриптирана конекција. Личните податоци можат да се чуваат и обработуваат за статистички и маркетиншки цели, како и за подобрување на понудените услуги. Личните податоци се собираат на доброволна основа. Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.
Во секој момент можете да нè контактирате да ја избришеме вашата регистрација заедно со сите ваши внесени податоци.
Измени во Политиката на приватност
Го задржуваме правото да вршиме измени на оваа Политика на приватност во секое време. Датумот на измената ќе биде прикажан на оваа веб страница, при што измените ќе стапат на сила од денот на последната измена. Датум: 1 Април 2022
Новости по е-пошта
Зачленувањето на нашите мејлинг листи за добивање новости по е-пошта е доброволно. Доколку сакате можете да се зачлените на некоја од нашите мејлинг листи, а задолжително е само внесувањето на електронската адреса, додека другите податоци се опционални. Истите податоци можете да ги промените или избришете во секое време.
Нашите мејлинг листи се од затворен тип. Само уредникот може да им испраќа пораки на корисниците. Ако се регистрирате во нашата мејлинг листа за добивање новости, Вашата електронска адреса ќе се користи исклучиво за да се испратат новостите до Вас лично.