top of page

Годишна конференција 2023

На 27.01.2024 год. се одржа првата годишна конференција на Коалицијата за заштита на децата и партнерите, на која беше презентирано само мал дел од она што Коалицијата успеа да го сработи од нејзиното постоење во соработка со партнерите и родителите, кои активно се залагаат за зачувување на семејните вредности и објективната реалност кои се наоѓаат на удар на радикалните антиполови движења.


На конференцијата, од партнерите се потенцира дека Коалицијата е најдоброто нешто што ѝ се има случено на Македонија и е организација која ги сплотува сите, без разлика на верска, етничка и партиска определба, со една повозвишена заедничка цел - заштита на најмалите, нашата иднина.


Средбата остави прекрасни и силни впечатоци кај сите и уште повеќе ја продлабочи довербата и соработката.


Воедно, Коалицијата искажа посебна благодарност до сите присутни, до оние партнери со кои има реализирано бројни проекти, до сите доброволци кои учествуваа(т) во преведувањето на видеа и текстови, како и изработка на графички дизајн, до сите оние кои помогнале со добар збор, пофалба, конструктивна критика, со донација, контакти и лични заложби, како и до родителите кои се грижат за образованието на своите деца и активно ја следат.




Годишен извештај 2023







Comentarios


bottom of page