top of page

СООПШТЕНИЕ ОД ИНТЕГРА - МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА


ИНТЕГРА - Македонска конзервативна партија недвосмислено застанува против донесувањето на трагичниот Предлог - Закон за родова еднаквост. Во континуитет, уште од 2019 година јавно, јасно и експлицитно предупредуваме на погубните последици од носењето на едно такво законско решение, по идните генерации.


Предлог- Законот за родова еднаквост прикриено овозможува замена на терминот пол со терминот род, и се доаѓа до крајната цел - релативизирање на половите. Родовиот идентитет овозможува личноста да се идентификува како маж или жена независно од биолошкиот пол, што доведува до сериозен атак посебно врз децата и семејството. Аргументацијата на власта дека станува збор за определување на социјална положба преку избор на род е невидена небулоза и скриена политика на поништување на природниот поредок на човештвото.


Кога и да си поигрува човекот со нешто што не е негово дело, резултатот е неизбежно катастрофален. Родовата еднаквост што агресивно се промовира е скриена политичка агенда на глобалистички центри на моќ и т.н. “длабока држава“, која има за крајна цел да го поништи бракот и семејството, што само по себе води кон дехуманизација и депопулација на населението.


Ги повикуваме сите политички партии – парламентарни и вонпарламентарни, сите здруженија на граѓани и целиот невладин сектор кој стои на конзервативните и традиционални вредности, потоа МПЦ-ОА и останатите Христијански цркви и верските заедници, јавно, јасно и експлицитно да се изјаснат против ваквите погубни процеси по иднината на нацијата и државата.


ИНТЕГРА очекува јасен и недвосмислен став на јавноста и медиумите во полза на зачувување на здраворазумноста. Не е време да се стои настрана, туку да се делува активно во разобличување на вистината и позадината на овој закон, во име и за сметка на здрави идни генерации.


Истовремено, ги повикуваме пратениците во Собранието на Македонија да се изјаснат против ваквото законсско решение и да го повлечат истото од понатамошна процедура, независно од потпишаната Истанбулска конвенција и досега преземените обврски на било кое ниво на извршна власт.


ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија

bottom of page