top of page

(ВИДЕО) ДЕВОЈКА ШТО СЕ ИДЕНТИФИКУВА КАКО МАЖ ИЗВРШИ МАСАКАР ВО УЧИЛИШТЕ ВО САД

Три деца на возраст од 9 години и тројца возрасни вчера беа убиени во пукањето во приватно основно христијанско училиште во Нешвил, САД. Масакрот го извршила 28-годишната Одри Елизабет Хол, лице од женски пол која се идентификувала како маж (транс-маж), а која била поранешна ученичка во училиштето.


Полицијата објави видео на кое се гледа како напаѓачот влегува во училиштето.


Полицијата интервенирала брзо, почнала да ги евакуира децата од првиот кат на училиштето. Одри почнала да пука кон полицијата од вториот кат, но веднаш била усмртена.

Сè уште се расчистуваат мотивите за масакрот на Одри. Полицијата во нејзиниот дом нашла мапа од училиштето со означени влезови, од што е евидентно дека таа го планирала нападот подолго време. Исто така пронашле и оставен манифест, кој сè уште не е објавен, иако се претпоставува кои би биле можните мотиви за овој масакар.


Лицата кои страдаат од родова дисфорија (неприфаќање на сопствениот пол) секогаш страдаат и од други пропратни психички нарушувања (коморбидитети), како што се депресијата, анксиозноста, самоповредувањето, проблеми со исхраната, а неретко тоа се рефлектира во самоубиствени мисли и самоубиство на дело.


Апеираме, наместо да се афирмира нивната искривена перцепција за објективната реалност, да им се понуди соодветна медицинска грижа со цел да им се помогне и да се избегнат несакани последици за околината, како неконтролиран гнев и агресија. Сметаме дека не треба да се избрзува со хормонски блокатори или неповратни отсекувања на градите или гениталиите, бидејќи голем број студии до сега докажале дека овие процедури не помагаат за психофизичкото здравје на овие луѓе.


Воедно, испраќаме АПЕЛ до Министерството за правда да внимава при носењето на новиот закон за матична евиденција со кој правно сакаат да го легализираат менувањето на ознаката за пол во личните документи, бидејќи со таквиот закон во нашето општество ќе се воведе и сериозен ризик за психолошка епидемија на лица што страдаат од родова дисфорија.


Извор на веста: nashville.gov

bottom of page