Минатиот месец, на повик на независен истражувач за заштитата од насилство и дискриминација врз основа на сексуална определба и родов идентитет, Коалицијата за заштита на децата испрати извештај, односно придонес за извештајот што ќе биде презентиран на 53-тата седница на Советот за човекови права на Обедитените нации во јуни 2023 г.
Во извештајот, Коалицијата за заштита на децата потенцира дека навистина постои дискриминација на основа на сексуалната определба и родовиот идентитет, но оние што всушност се дискриминирани се хетеросексуалците и луѓето кои го прифаќаат сопствениот пол како биолошки неменлива категорија.
Воедно, Коалицијата посочи дека најголемата дискриминација се врши врз родителите, од кои се одзема правото за одлучување нивните деца да се образоваат во согласност со нивниот светоглед и морални вредности и им се врши целосна цензура.
Comments