top of page

ЕУ НАЈАВИ ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЕДНАКВОСТ, ДИРЕКТИВА КОЈА ГИ НАРУШУВА ЛИЧНИТЕ ВЕРУВАЊА И СЛОБОДИТЕ

Во голема победа за слободата на совеста, верските слободи и личната автономија, Европската комисија неодамна објави дека ова лето ќе ја повлече Директивата за еднаков третман (ДЕТ), мошне проблематичен законски предлог кој се обидува да го „имплементира принципот на еднаков третман на сите лица, без разлика на религија или убедување, попреченост, возраст или сексуална ориентација“. Еден од примарните проблеми поврзани со ДЕТ беше нејзиниот потенцијал да ги принуди поединците и бизнисите да дејствуваат против нивните лични верувања и убедувања. Сопствениците на христијански бизниси, како што се цвеќарите, пекарите и фотографите, би биле принудени да учествуваат на настани што ги прекршуваат нивните религиозни убедувања. На пример, доколку Законот беше усвоен, христијаните пекари ширум ЕУ ќе беа принудени да прават торти за истополови свадби, а муслиманските уметници да цртаат карикатури на Мухамед.


Кога првично беше воведена во 2008 година, директивата се фокусираше на спречување на дискриминација во обезбедувањето стоки и услуги врз основа на попреченост. Меѓутоа, предлогот тогаш беше радикално проширен под притисок на ЛГБТИ+ лобито за да се вклучи и „сексуалната ориентација“. Со тек на време, таа прерасна во сеопфатна иницијатива, која ги загрози основните слободи на поединците и бизнисите во Европската унија.


И покрај овие очигледни проблеми што произлегуваат од директивата, Европската комисија продолжи со ДЕТ, иако преговорите беа бавни и сложени поради приговорите во врска со супсидијарноста и пречекорувањето. Повеќе од една деценија, најголемата организација на адвокати кои ги бранат фундаменталните христијански човекови права ADF International, со која соработува Коалицијата за заштита на децата, работеше заедно со многу неуморни сојузници за да ја подигнат свеста и заедно се залагаа за повлекување и спречување ДЕТ да стане обврзувачки закон за цела ЕУ.


Одлуката на Комисијата да ја повлече директивата, како што е наведено во нејзината работна програма за 2025 година, е доказ за долгогодишните напори за застапување за заштита на основните слободи на сите европски граѓани. Оваа победа ја истакнува моќта на координираните, долгорочни напори за одбрана на слободата на совеста и религијата за сите. И покрај повлекувањето на ДЕТ, борбата за слобода продолжува. Мора да останеме будни бидејќи слични иницијативи би можеле повторно да се појават во иднина, - порачуваат од ADF International.


Коалицијата за заштита на децата испрати писмени честитки за успехот што ADF International го постигнаа заедно со другите сојузници и благодарност за сиот нивен труд. Во писмото се вели:



Почитуван ADF International,

Ви испраќаме срдечни честитки за Вашиот придонес во одлуката на Европската унија да го укине предложениот Закон за еднаквост, што е значајна победа за зачувување на слободата на совеста, верувањето и личните права. Во време кога законодавството често се движи на тенка линија помеѓу еднаквоста и принудата, овој исход е потсетник дека вистинската слобода вклучува заштита на различни ставови, дури и кога тие се разликуваат од преовладувачките трендови.


Посебен пофален збор и благодарност упстуваме до вас ADF International, чии неуморни напори беа инструментални за постигнување на овој исход. Работејќи заедно со многу посветени сојузници, одигравте значајна улога во подигнувањето на свеста и застапувањето за повлекување на Директивата за еднаков третман (ДЕТ), спречувајќи таа да стане обврзувачки закон во ЕУ.


Вашите непоколебливи заложби за заштита на слободата на мислата, говорот и верувањето се навистина за восхит. Оваа победа не е само законодавна - таа е културен и морален став за слобода, плурализам и достоинство.


ADF International уште еднаш се покажа како моќен и принципиелен бранител на човековите права на глобалната сцена. Честитки до сите вклучени. Нека оваа пресвртница инспирира континуирана храброст и решителност во одбраната на слободата каде и да е загрозена.


Срдечни поздрави,


Коалиција за заштита на децата




Comments


bottom of page