top of page

Од срце за Кочани ❤️

ree

Заедно со нашиот партнер Емануил - здружение за зачувување на православните вредности и нашите соработници од дијаспората во Австралија, организиравме скромна добротворна акција за постраданите во пожарот во Кочани.


Поради довербата што му ја укажа кочанчанскиот народ, собраните 1000 австралиски долари беа доставени до почитуваниот отец Димитар Арсовски од Македонската Православна Црква, кој потоа го задолживме средствата да ги распореди соодветно според тоа како тој мудро ќе одлучи.


Посебна благодарност до сите што донираа и до отец Димитар кој излезе во пресрет да помогне.


Загинатите нека почиваат во мир, на повредените им посакуваме брзо и целосно закрепнување, а на семејствата и блиските уште еднаш им изразуваме сочуство и се надеваме дека ќе успеат да најдат мала утеха во тоа што нашите молитви и мисли се со нив.

Comments


bottom of page