ИЗВЕШТАЈ ДО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ: БОРБА ПРОТИВ ДИСКРИМИНАЦИЈА И НАСИЛСТВО ВРЗ ЛИЦА ПОРАДИ НИВНАТА ВЕРА И УБЕДУВАЊА
- vrednosti
- May 9
- 1 min read
Коалицијата за заштита на децата достави извештај т.е. придонес за претстојниот извештај на Генералниот секретар на Обединетите Нации во врска со тековната глобална дискусија за борба против нетолеранција, негативни стереотипи, стигматизација, дискриминација, поттикнување на насилство и насилство врз лица, по основ на нивната религија или верување.
Во овој поднесок, имавме за цел да истакнеме конкретни случаи на пречекорување на државата и предизвици со кои се соочуваат христијаните како поединци и дел од семејства, чии религиозни верувања се во конфликт со ЛГБТИК+ законите и политики. Овие примери илустрираат како во некои случаи владите - честопати во име на инклузијата - не успеаја да ги поддржат верските слободи и родителските права, што резултираше со дискриминација, социјална маргинализација и законски казни за оние кои имаат традиционални верувања.
Земјите кои вложија напори да ги заштитат верските слободи и правата на совеста, и самите беа на удар од тешки критики. Во некои случаи, како што е со Унгарија, беа покренати постапки за прекршоци од наднационални тела, како што е Европската Унија, со што се доведува во прашање непристрасноста и доследноста на меѓународните механизми за човекови права.
Повеќе детали може да прочитате на македонската верзија и на англиската верзија подолу.
Comentários