top of page

КОАЛИЦИЈАТА ГО ОБЕДИНИ СВЕТОТ ВО ПОДДРШКА НА Д-Р ЏОРДАН ПИТЕРСОН


Изминатиот месец светот ги имаше насочено очите кон нападот на, со право може да се каже, најеминентниот клинички психолог на денешницата, д-р Џордан Питерсон. Д-р Питерсон е познат по тоа што се застапува за слобода на говорот, традиционалните семејни вредности, заштита на децата од родовата идеологија и заштита на народот од политиките кои ги водат глобалните организации, како што е Светскиот економски форум.


Тој веќе извесно време не работи како клинички психолог, и е повеќе ориентиран на едуцирање и информирање на народот ширум светот преку повеќе платформи, како што се YouTube, DailyWire, неговите книги и турнеи каде оддржува предавања на теми кои се од морален и етички карактер.


Се разбира, сето ова им пречи на лево ориентираните прогресивни активисти и сили, така што повеќе пати до сега имаат направено обиди за да го деградираат, цензурираат и депласираат, со цел да не го шири патриотскиот дух кон традицијата. Овојпат, тоа го направија со 13 лажни пријави испратени до Колеџот на психолози на Онтарио, кој е главното владино тело што издава лиценци за работа како психолог, кое сега му се заканува на д-р Џордан Питерсон со одземање на лиценцата, доколку тој не посетува нивен курс за „превоспитување“ како да се однесува на социјалните мрежи. Повеќе детали може да прочитате на сторијата објавена од Преземи Одговорност.


Со оглед на тоа што д-р Питерсон претставува наш глас во јавноста и на многумина од нас извршил позитивно влијание, Коалицијата покрена акција за поддршка на д-р Питерсон, во која се приклучија 40-тина организации од Македонија, Србија, Бугарија, Романија, Литванија и Австралија. Имено, Коалицијата напиша писмо, кое во автентична или малку видоизменета форма, зависно од желбата на организациите, беше испратено до Колеџот на психолози на Онтарио.


Во прилог, следи целото писмо преведено на македонски:


До Колеџот на психолозите на Онтарио,


Прочитавме за обвинувањата против д-р Џордан Питерсон и ние сакаме да посведочиме дека ниту едно од тие обвинувања нема рална основа и не е вистина.


Д-р Питерсон е од огромна помош на голем број лица, вклучувајќи нè и нас. Неговите општи совети и онлајн коментари досега помогнале на многумина да си го средат својот живот и да почнат да прават позитивни промени. Дополнително, слушајќи го, многумина се спасени од депресија и самоубиство.


Сведочиме дека тој константно покажува највисоко ниво на почит, етичко однесување, сочувство и фер однос во секоја негова интеракција, иако тој е напаѓан, понижуван и тормозен многупати до сега. Неговото професионално, балансирано и сензибилно однесување има инспирирано милиони луѓе да станат подобри личности и да се стремат кон подлабоко знаење.


Исто така, сакаме да ја искористиме оваа можност да нагласиме добро познат факт, за кој луѓето би помислиле дека нема никаква потреба ниту да се спомнува – д-р Питерсон е најдобриот претставник на вашата заедница на психолози во Канада. Наместо да го третирате лошо и без основа да го напаѓате, треба да покажете врвен респект за неговите достигнувања и сериозно да размислите да го назначите него или некој со слични квалитети како ваш лидер. Тоа, само доколку ви е грижа за вашето поле на ескпертиза и добросостојбата на луѓето.


Со почит,


Коалиција за заштита на децата - Македонија



Ве замолуваме и сите вие, кои сакате да дадете поддршка на д-р Џордан Питерсон, тоа да го направите со копирање на англиската верзија на ова писмо, што може да ја најдете подолу, и да ја испратите на следните електронски адреси:




Subject: Support for Dr Jordan Peterson


Dear College of Psychologists of Ontario,


I read about the accusations against Dr Jordan Peterson and I testify that none of them is based in reality and is not true.


Dr Peterson has been tremendously helpful to many individuals, including myself. His general advice and online comments have helped many to sort out their lives and start making positive changes. In addition, listening to him, many have been saved from depression and suicide.


I testify that he constantly shows the highest level of respect, ethics, compassion, and fairness in each of his interactions, despite that he's been attacked, humiliated, and bullied countless times. His professional, well-balanced and sensible behaviour has inspired millions to become better people and to strive for deep knowledge.


We also take this opportunity to emphasize a well-known fact that most people would think that there is no need to even mention - Dr Peterson is your best possible representation of the Canadian psychological society. Instead of treating him poorly and groundlessly attacking him, you should show the utmost respect for his achievements and seriously consider appointing him or someone with similar qualities as your chief. That is, if you really do care about your area of expertise and people's well-being.


Kind regards,


[вашето име]

Comentarios


bottom of page