Во претходната објава приложивме докази со кои ги разобличивме лагите на министерот Тренчевска и јавно обелоденивме дека предлог-Законот за родова еднаквост вметнува нова категорија на „жени“, односно мажи коишто се себеидентификуваат како жени, во рамките на женските права. Во оваа објава разобличуваме и уште една фарса што ја приреди министерот Тренчевска, а тоа е дека со овој закон не се опфатени децата.
Да потсетиме дека во самиот предлог-закон најпрво стоеше дефиниција (член 4, точка 6), која гласеше: „Жени, мажи и лицата со разновидни родови иденетитети“ ги опфаќа и лицата до 18 годишна возраст“, но поради жестоките реакции на народот, министерот Тренчевска беше принудена да ја отстрани таа дефиниција. Сепак, и покрај тоа што новата драфт верзија беше пратена до некои општински советници за време на дебатите што се одржаа пред неколку месеци, истата ден денеска не е прикачена на ЕНЕР.
И покрај таквата „измена“, Коалицијата за заштита на децата застана со дециден став дека тоа воопшто ништо не менува и дека законот целосно ги опфаќа и децата. Самиот закон предвидува формирање на Секретаријат со врховна тоталитаристичка власт и ингеренции врз апсолутно сите министерства. Следствено, како такво надмоќно тело ќе има директна сила да го контролира и насочува и Министерството за образование и наука, како и сите останати министерства и закони кои се однесуваат на семејството и децата.
Нашиот дециден став експлицитно е потврден со Стратегијата за родова еднаквост за периодот од 2022 до 2027 година кој се наоѓа на веб-сајтот на Министерството за труд и социјална политика. На стр. 36 под Специфична цел 3.2: Сузбивање на родовите стереотипи и сексизмот и промовирање еднаквост, стои следново:
Од погорниот приказ доаѓаме до потврда на неколку работи:
- Предлог-Законот за родова еднаквост и Стратегијата за родова еднаквост директно ги таргетираат нашите деца
- Таргет не се само учениците од погорните одделенија, туку и најмалите - децата од градинките и од најрана возраст
- Менувањето на учебниците е неслучајно, туку со умисла и цел да се промени образовниот кодекс и на децата да им се сервираат нови „вредности“, кои преку образовните механизми се стремат да им ги вградат во нивните глави
- Не станува збор само за изучување на „родовите идентитети“ како општа лекција, туку за промоција и насочување на децата да го прифатат таквото култно верување.
Со ова не само што преку лаги и манипулации се одземаат родителските права за избор на образование за своите деца, туку и без согласност и против волјата и светогледот на родителите, се врши репрограмирање на детската перцепција и свест. А кој е виновен за сето тоа, стои на стр. 38:
Бараме од министерот Тренчевска ИТНА оставка поради сите јавни лаги и манипулации на целиот народ во Македонија и поради тоа што си зела за право да си игра со нашите деца како ќе ѝ текне. Доколку не преземе соодветни дејствија за да се симне од тронот на којшто се качила и мисли дека сè ѝ е дозволено, тек тогаш ќе види што значи силата на родителската љубов кон своите деца. Тоа е едно нешто што со сигурност ѝ го ветуваме!
Comentários