top of page

ЛЕТНА ЛГБТИ+ ШКОЛА СО КВИР ТАРОТ КАРТИ. ШТО ЛИ ЌЕ Е ОВА?

Пишува: Горан Илиев



Невладините ЛГБТИ+ организации, како што се ХЕРА и ЕКВАЛИС, ќе имаат масовна кампања во Кратово, на која ги канат младите на „Гатање и квир тарот, гледање во звезди и друштвени игри“. Воедно, си дозволуваат сите кои не се како нив, да ги нарекуваат „цис“. 


Но, што всушност е тоа „Квир тарот“?  Веќе знаеме дека постојат тарот карти, кои гатачите ги користат за наводно да ја предвидат иднината на „клиентот“ или да му откријат некои скриени чувства во неговото срце и ум. Во тој контекст, ЛГБТИ+ активистите ги користат „Квир тарот“ картите за да ви „претскажат/откријат“ наводно скриено чувство во вас, кое ќе покаже дека вие можеби не се дефинирате стриктно со еден од двата пола (машко или женско).


Еве како една нивна страница, ја објаснува филозофијата и верувањето на Квир таротот:


„Полот/родот во таротот се изразува како постојано променлива флуидна енергија, далеку од бинарна логика. Во својата суштина, Тарот ја раскажува приказната за трансцендентноста од овие ограничувачки дуалистички форми: во сите нас има мажествени и женствени атрибути“.

Или, кажано со прост јазик, со овие тарот карти тие ќе ви „гледаат“ на карти и ќе ви покажат дека во вас живее и машко и женско, вие само треба тоа да го изразите. 


Ова се некои од прашањата (според нивните упатства), што тие ќе му ги постават на младото лице (момче или девојка), кога ќе ги отворат картите пред нив:


Што значи женственоста/мажественоста за вас?
Како можете да ја прифатите вашата женственост/ мажественост?
Што ве спречува да ја изразите вашата женственост/ мажественост?
Како можете да си играте или да експериментирате со полот/родот?
Во која форма на изразување (во кој пол) најдобро се чувствувате себеси?

И самите можете да заклучите дека овие прашања се многу подведувачи, особено за тинејџери, кои се во фаза на пубертет и се борат со самодовербата и се збунети околу промената на нивните тела.


За жал, ваквата идеологија и филозофија има упропастено многу млади животи, кои ја прифатиле оваа заблуда, се подложиле на блокатори на пубертетот, хормонални терапии, па дури и хируршки интервенции за отрстранување на градите и половите органи, а потоа откриле дека тие се наведени да веруваат дека се нешто, што тие всушност не се. 


Вториот факт поврзан со овие тарот карти (а тие нема да ви го кажат), е дека тие се тесно поврзани со магиски и оклутни практики. Како што кажавме погоре, тарот картите отсекогаш се користеле од страна на гатачи и јасновидци (луѓе што се занимаваат со магија и окултни практики) да ви ја претскажат иднината. На една ЛГБТИ+ страница е објавена следнава порака:


„Да ги прославиме гордоста и сите инспиративни квир вештерки што се насекаде, со тарот отварања што се фокусираат на гордоста (прајдот)!“

Во нивната објава, самите тие отворено ги нарекуваат вештерки оние лица што се служат со тарот карти и тоа го кажуваат со гордост.

 

Доколку, пак, ги разгледате илустрациите на овие тарот карти, ќе забележите дека тие изобилуват со пагански, сатанистички и окултни симболи, како што е пентаграмот, на пример.


А што е со замиот збор „Квир“, кој е поврзан со овие тарот карти? 


Според Википедија, овој термин има потесно и поширко значење, но секогаш се однесува на ЛГБТИ+ заедницата, најчесто хомосексуалците и лезбијките. Еве како овој збор е дефиниран:


Квир е чадор-термин за луѓе кои не се хетеросексуалци или не се цисродови. Првично значење е „чуден“ или „невообичаен“.
Во 21 век, „квир“ се повеќе се користи за опишување на широк спектар на ненормативни сексуални или родови идентитети и политики. 
Со текот на времето, Терминот „квир“ стана тесно поврзан со сексуалноста и полот, од тесното значење „геј или лезбејка“ до означување на оние кои „не се хетеросексуалци“.

И, се поставува прашањето, ако овие карти се за хомосексуалци и лезбијки, или за луѓе кои не се хетеросексуалци, зошто тогаш ЛГБТИ+ активистите би ги користеле рандом, на сите млади? Или ете, можеби во Кратово има некој трансродов и хомосексуалец, кој с уште не е свесен дека е тоа, па ќе треба да биде просветлен? Зар нема после ова, тие пак да излезат со статистика дека во Македонија имало 200.000 хомосексуалци?






Kommentare


bottom of page