top of page

КАКВА ИРОНИЈА: ОНИЕ ШТО ВРШАТ ЦЕНЗУРА, СЕ КАНДИДИРАЛЕ ЗА ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА ЗА АНТИДИСКРИМИНАЦИЈА

Дали ви текнува на сите оние неосновани претставки за наводна „дискриминација“, кои беа речиси инстантно отфрлувани од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД)? Тие најмногу доаѓаа од контраверзната невладина организација „КВИР Центар“ (поддржувани од Сорос). Замислете која иронија, минимум двајца од оваа невладина се дрзнале да се кандидираат за членови на комисијата за антидискриминација и они да одлучуваат дали некој друг извршил или неизвршил дискриминација. Првиот е Давид Тасевски - директорот на овој КВИР центар, а втората е Маја Атанасова.


Оваа невладина и стана позната на јавноста откако поднесоа претставка за дискриминација заради, внимавајте сега: објавување фејсбук пост со резултатите од референдумот во Унгарија. Доколку се впишат зборовите „Referendum results Ηungary“ на пребарувачот „Google“, може да се прочитаат повеќе од 4.5 милиони вести, и до сега не е познат случај во светот некој да поднесе претставка за објавување на референдумски резултати. Очекувано, антидискриминациската комисија веднаш им ја одби таа претставка како неоснована, но останува фактот дека Давид Тасевски и Маја Атанасова се силно пристрасни и некомпетентни да разликуваат што е дискриминација, а што слобода на говор и јавно информирање. Оттаму е иронија и нивното кандидирање да бидат тие членови на комисијата која ќе одлучува дали некој извршил дискриминација или не.



И примерот со Унгарија не е единствен пример каде што оваа невладина вршела цензура на говор. Бевме сведоци на претставки и затоа што некој тагнал некого во фејсбук коментар, затоа што некој објавил научни статистики од државни сајтови, затоа што некој не избришал нечиј туѓ коментар итн.


Понатаму, нивни тесни соработници во цензурата на слободниот говор и јавното мислење се и невладината Коалиција Маргини, од каде што ја кандидираат Драгана Дрндаревска.

Маргини се исто така познати по вршење цензура со неосновани претставки, некои дури одбивани и од самата Комисија. На пример, една жена имаше објавено на фејсбук дека „семејството го сочинуваат мајка и татко, маж и жена“ и Маргини (заедно со КВИР центар) ги обвинија за дискриминација и ширење говор на омраза! Ете овие се дрзнале да се кандидираат за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и објективно да одлучуваат кој извршил дискриминација, а кој не.




Коалиција Маргини, беше една од организаторите на скандалозниот 8-мо мартовски марш, каде што се скандираше фронтално со провокаторскиот транспарент „ЦРКВАТА ДА ОДЈЕБЕ“. Невладината Маргини воопшто не се огради од тој транспарент, со што директно учествуваше во дискриминација, вознемирување и ширење на говор на омраза врз верниците. Замислете која дрскост и иронија е што токму оваа организација кандидира свој член од тимот да биде дел од комисијата која ќе одлучува дали некој извршил дискриминација.


Апелираме Собранието да ја земе предвид некомпетентноста и пристрасноста на овие кандидати при Јавната расправа на 18.12.2023 во салата Борис Трајковски за утврдување на предлог листа од пријавените кандидати за членови на КСЗД.

293 views0 comments
bottom of page