НОВ ЗЕЛАНД ГИ ЗАБРАНИ БЛОКАТОРИТЕ НА ПУБЕРТЕТОТ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ
- vrednosti
- 4 days ago
- 1 min read

Од 19. ноември 2025 год., Нов Зеланд им забрани на малолетници да користат блокатори на пубертет за родова конфузија, придружувајќи се на неколку западни земји кои ги ограничија овие високо опасни дроги.
Нов Зеланд објави дека ќе ги забрани блокаторите на пубертет за млади луѓе во исчекување на резултатите од големото клиничко испитување во Обединетото Кралство, кое се очекува во 2031 година.
„Воспоставуваме посилни заштитни мерки за семејствата да можат да бидат сигурни дека секој третман е клинички исправен и во најдобар интерес на младото лице или детето“, изјави министерот за здравство Симеон Браун, во соопштение за медиумите.
„Крајниот извештај за доказите на Министерството за здравство покажа дека недостасуваат висококвалитетни докази што ги покажуваат придобивките или ризиците од употребата на аналози на гонадотропин, ослободувачки хормон за третман на родова дисфорија, или несовпаѓање. Додека оваа неизвесност продолжува, владата презема мерки на претпазливост“, заклучи министерот Симеон.
Одлуката предизвика критики од ЛГБТИ+ родовите здруженија, кои тврдат дека ограничувањето наводно може да го влоши менталното здравје, да предизвика зголемување на суицидалноста и дисфоријата кај младите.
За разлика од ЛГБТИ+ организациите, оние кои се залагаат за заштитана децата од радикални идеологии го поддржаа потегот како „претпазлив“ одговор, нагласувајќи дека државата треба да ги заштити ранливите деца, додека не се добијат подлабоки и сигурни клинички податоци.
🌐




Comments