top of page

ЕКСКЛУЗИВНО: МОМЧИЊАТА И ДЕВОЈЧИЊАТА СО ЗАЕДНИЧКИ ТОАЛЕТИ ВО ОУ „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ - АЕРОДРОМ

Во основно училиште во Скопје повторно се случуваат нешта што ги револтираат родителите. Имено, сите ученици од основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Аеродром од почетокот на оваа учебна година, па сè до 12-ти септември, биле принудени да користат заеднички тоалет, без разлика на полот.


Неколкумина родители ја контактираа Коалицијата, и тие во своите изјави кажуваат дека управата на училиштето донела одлука тоалетите во училиштето, кои изминатите години беа поделени на машки и женски, оваа година да бидат заеднички и за момчињата и за девојчињата. Причината зошто е донесена таква одлука е непозната, бидејќи, како што наведуваат родителите, тие никогаш не добиле официјален одговор, туку само неколку верзии различни објаснувања.


Откако родителите бурно изреагирале на ваквата бесмислена и неоправдана одлука, училиштето ја вратило старата практика и повторно тоалетите биле поделени на машки и женски. Во прилог ги објавуваме сведоштвата на родителите чии деца учат во ОУ „Браќа Миладиновци“ - Аеродром.




Коалицијата за заштита на децата испрати и мејл до управата на училиштето, пришто доби одговор од секретарот на училиштето, Илија Танев, дека информациите што ни го доставија родителите не се точни и тоалетите отсекогаш биле поделени на машки и женски.



Потсетуваме дека ова не е прв скандал кој се појави во образовните институции во општина Аеродром. Минатата година Коалицијата екслкузивно обелодени дека на учениците од ООУ „Љубен Лапе“ им било наложено да се облекуваат како спротивниот пол. Откако ова јавно го објави еден од родителите чие дете учи во ова училиште, а Коалицијата успеа да обезбеди и дополнителни изјави од повеќе родители, в.д. директорот на училиштето Ивана Цветаковска целата вина ја префрли на учениците, а градоначалникот Тимчо Муцунски се најде лично засегнат и преку Фејсбук страницата на Општина Аеродром ја демантира веста, изјавувајќи дека она што родителите го сведочат е манипулација.


Коалицијата за заштита на децата побара од Општина Аеродром и градоначалникот Муцунски да извршат целосна истрага и јавно да излезат со информација од каде потекнува идејата децата да се облекуваат како спротивниот пол, како и да кажат зошто промовираат „родова еднаквост“ наместо полова рамноправност, но тие наместо да имаат слух за родителите и за барањата на народот, сега повторно се прославуваат со нов скандал.

bottom of page