Поминаа неколку недели откако Коалицијата за заштита на децата беше известена од родители, чии деца учат во ООУ "Љубен Лапе" во Аеродром дека на учениците им било соопштено дека секој ден од последната недела од првото полугодие ќе имаат забавни активности и ќе се облекуваат на одредена тема, пришто еден од тие денови момчињата требаше да се облечат како девојчиња, а девојчињата како момчиња. Веста што ја објавивме беше преземена од неколку портали и предизвика голема вознемиреност меѓу народот кој, се разбира, се изјасни против вакви "забавни активности". На сето тоа, ниту повикани ниту именувани, се јавија од Општина Аеродром да ја демантираат веста. Општината целосно негираше дека станува збор за непромисленост од управата и вината ја префрлија на децата, без притоа да покажат заинтересираност за нашиот повик да се ангажираат за да се истражи дали станува збор за искористување на учениците од страна на активисти за пропаганда на трансродовата идеологија, со оглед на тоа што таквата стратегија со притисок врз децата да се облекуваат како спротивниот пол (gender swap) е позната и често користена стратегија меѓу трансродовите активисти во светот.
Сагата продолжува и понатаму, бидејќи се замешаа и т.н. факт-чекери "Вистиномер", кои се платени од Фондацијата Отворено општество на Сорос, и од нивните необјективни и таргетирачки објави, може да се забележи дека нивна задача е да го дезинформираат народот и да вршат пропаганда против оние, кои се спротиставуваат на систематската сексуализација на децата што се врши. За тоа ќе ве информираме подоцна, а сега, заради транспарентност, сакаме да ги споделиме со вас мејлот што го добивме од директорката на ООУ "Љубен Лапе" од Скопје и нашиот одговор на истиот, со цел да имате увид во случувањата.
Притоа, најпрво, сакаме да посочиме дека иако мејлот од директорката до нас беше испратен во сабота т.е. неработен ден, и иако имаше неколку работни дена пред училишниот распуст за да ни одговори на нашите прашања, ние сѐ уште не сме удостоени со одговор. А потоа, сакаме да ви обрнеме внимание на нашите прашања поврзани со "Упатството за постапка за пријавување и заштита на ученик жртва на која било форма на насилство", кое е испратено до сите училишта низ Македонија и во кое се промовира трансродовата идеологија. Веруваме дека повеќето родители не се информирани за ова Упатство, затоа апелираме да побарате од наставниците и управата на училиштата каде учат вашите деца да ви дадат копија од Упатството за самите да го разгледате, а Коалицијата во наредните неколку недели јавно ќе ги сподели забелешките за секоја една очигледна пропаганда вметната во него.
Следи, мејлот од директорката на ООУ "Љубен Лапе" и нашиот одговор:
Comments