ПОЗНАТИОТ КОНЗЕРВАТИВЕН ПОЛИТИЧКИ КОМЕНТАТОР ЧАРЛИ КИРК Е СМРТНО ЗАСТРЕЛАН
- vrednosti
- Sep 11
- 2 min read
Updated: Sep 11

Вчера беше фатално застрелан 31-годишниот конзервативен политички коментатор Чарли Кирк додека дебатираше во просторот на универзитетот во Јута. Видео објавено на социјалните мрежи го прикажува моментот кога на Кирк му поставуваат прашање за масовните пукања од трансродови убијци: „Дали знаеш колку трансродови американци се масовни пукачи во последните 10 години?“ прашува едно лице, на што Кирк враќа „Премногу (на број)“ непосредно пред да биде застрелан со куршум во вратот.
Чарли Кирк беше основач на организацијата Turning Point USA и познат конзервативен коментатор во САД, христијанин по вероисповед, кој својата кариера ја изгради со тоа што се бореше за слобода на говорот и се движеше по универзитетските кампуси да дебатира суштински прашања како родовата идеологија, абортусот, неконтролираната и форсирана миграција, расната идеологија и сл. со студентите. Иако самиот без универзитетска диплома, на што беше горд, бидејќи идеолошкото перење мозоци по универзитетите ширум светот е повеќе од очигледно, сепак знаеше да дебатира далеку поаргументирано и покохерентно од студентите со левичарска идеологија.
Во јуни, Turning Point USA го организираше најголемиот собир на 3000 млади конзервативни жени во земјата, каде што говорниците, меѓу кои Кирк и неговата сопруга Ерика, ги повикаа младите жени да го стават бракот пред кариерата.
Кирк беше близок сојузник на претседателот Доналд Трамп, кој исто така беше жртва на два обиди за елиминација. Претседавачот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон ја прекина расправата која беше во тек и повика на едноминутен молк во чест на Кирк. Претседателот Трамп нареди во знак на жалост, сите знамиња да бидат симнати на половина копје до недела вечер и на социјалните мрежи веднаш го изјави следново:
„Великиот, па дури и легендарниот Чарли Кирк, е мртов. Никој не ги разбираше и го немаше срцето на младите во Соединетите Американски Држави повеќе од Чарли. Тој беше сакан и почитуван од СИТЕ, особено од мене, а сега - тој повеќе не е со нас.“
Покрај Претседателот, голем број други конзервативни коментатори изразија жалост.
Убиецот е сѐ уште во бегство.
Чарли Кирк ја остава зад себе својата млада сопруга и двете деца, ќерка на 3 годишна возраст и синот кој има 1 година.
Нека почива во мир!
‼️ Никој човек не заслужува да биде убиен само заради тоа што јавно искажува ставови кои некому не се допаѓаат, без разлика дали тие ставови се конзервативни или либерални!
🌐




Comments