top of page

НАСИЛСТВОТО Е ПОВЕЌЕ ЗАСТАПЕНО МЕЃУ ЛГБТИ+ ПАРТНЕРИТЕ, ОТКОЛКУ МЕЃУ ХЕТЕРОСЕКСУАЛНИТЕ ПАРТНЕРИ



Она што ЛГБТИ+ организациите што сакаат да го наметнат „сеопфатното сексуално образование“ врз нашите деца не го кажуваат јавно и јасно, Коалицијата за заштита на децата го потврдува со факти и линкови од научни студии.

Еден од водечките аргументи на ЛГБТИ+ активистите е дека домашното (семејно) насилство или родово-базираното насилство меѓу хетеросексуалните парови е на толку високо ниво, што тие мораат да ги превоспитаат нашите деца, со цел да се намали процентот на насилство. Исто така, тие инсинуираат дека ЛГБТИ+ лицата се малтретирани од хетеросексуални лица, а не од припадници од нивната заедница.

Меѓутоа, она што тие го премолчуваат е фактот дека научните студии се конзистентни и сите покажуваат една вистина: насилството од интимен партнер е почеста појава меѓу ЛГБТИ+ лицата отколку во хетеросексуалните заедници.


Имено, вкупно 61,1% од бисексуалните жени, 43,8% од жените лезбејки, 37,3% од бисексуалните мажи и 26,0% од хомосексуалните мажи доживеале насилство од интимен партнер во текот на нивниот живот, наспроти 35,0% од хетеросексуалните жени и 29,0% од хетеросексуалните мажи.


Кога станува збор, пак, за тешко насилство, процентот кај бисексуални жени е 49,3%, кај лезбејките е 29,4%, кај хомосексуалните мажи 16,4%, во споредба со хетеросексуалните жени 23,6% и хетеросексуалните мажи 13,9%.


За останатите безброј ЛГБТИ+ родови сè уште не постои статистика.


Коалицијата за заштита на децата се залага против било какво насилство, сметајќи дека тоа не води кон никакво решавање на проблемите. Следствено, Коалицијата изразува искрена загриженост за високиот процент на насилство меѓу ЛГБТИ+ интимните партнери, но во исто време и зачуденост, со оглед на тоа што нивната главна парола е „Љубов си е љубов“.


Коалицијата смета дека насилството не е израз на љубов и дека соодветните ЛГБТИ+ организации треба да покажат поголема агилност околу решавање на овој проблем во нивната заедница.


Линкови од научни студии, статии од светски реномирани медиуми и ЛГБТИ+ веб страници што го потврдуваат горенаведениот факт:












bottom of page