top of page

СЕОПФАТНОТО СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ НЕ ГО НАМАЛУВА БРОЈОТ НА АБОРТУСИ




Еден од аргументите кои ги користат невладините организации кои сакаат да ги сексуализираат нашите деца од најрана возраст, е дека со сеопфатното сексуално образование (ССО) ќе се намали бројот на абортуси во државата. За да видиме дали тоа навистина е така, направивме споредба на податоци и информации што ги имаме од другите земји, каде ССО е веќе одамна воведено.


🇺🇸 Соединетите Американски Држави се пионери во воведувањето на задолжително сеопфатно сексуално образовани за деца од најмала возраст. Всушност, организациите кои го промовираат и кои настојуваат ССО да се воведе во училиштата, како Планирано родителство (Planned Parenthood) и СЗО (Обединетите Нации) се организации кои потекнуваат токму од САД. Но, таму гледаме наместо намалување, катастрофално зголемување од 625 978 абортуси во 2021 год. на 1 025 690 во 2023 год. Зголемување од 400 илјади! (1)


🇬🇧 Во Обединетото Кралство, ССО беше воведено за државните училишта уште во 1996 год, а во 2020 г. беше донесен закон да стане задолжително за сите училишта, вклучувајќи ги и основните. (2) И покрај тоа што ССО се изучува веќе речиси 30 години во Обединетото Кралство, наместо намалување, гледаме, зголемување на бројот на абортуси. Во 2022 год. имало вкупно 251,377 абортуси во Англија и Велс, зголемување од 17% од претходната година и рекордна бројка од 1967 год., кога бил легализиран абортусот, па наваму. (3)


🇳🇱 Холандија и нејзините претставници гледаме како постојано ги поддржуваат радикалните невладини организации кои настојуваат да се воведе задолжително ССО во Македонија, но никогаш не кажуваат што се случува во нивната Холандија. Официјалните податоци кажуваат дека иако ССО е задолжително уште од 2012 год., а и претходно секако имало часови по ССО (4), бројот на абортуси наместо да се намалува, постојано расте. Така, во 2022 г. бројот на абортуси се зголеми за речиси 15%, односно 4500 повеќе од претходната 2021 год. (5) Во 2021 год. бројот на девојчиња под 15 години кои абортирале достигна рекорден број, и Холандија тоа не знае како да го објасни, иако тврди дека има "ефективно ССО". (6)


🇫🇷 Во Франција сексуалното образование е опционално од 1973 година, а задолжително од 2001 год. (7) Во 2021 год. имало вкупно 200 855 абортуси, а во 2022 год. зголемување од околу 15 илјади, односно 216 378 абортуси. (8)


🇩🇪 Германија е една од европските земји која најдолго се занимавала со "истражување на сексуалноста на човекот", уште во нацистичко време. ССО задолжително се изучува уште од основно училиште. (9) Откога почнале да водат статистика во Германија, бројот на абортуси на годишно ниво се движел воглавно помеѓу 99 илјади и 101 илјада, никогаш немало поголемо намалување од 94 600. Напротив, во 2022 год. има регистрирано 104 000 абортуси, што е зголемување за 9.9% од претходната година. (10)


‼️ Она што може да се забележи од официјалните статистики е дека бројот на абортуси е или релативно стабилен или има пораст во текот на годините, без разлика што жените и девојките кои извршиле абортус биле сексуално едуцирани. За ССО да се смета ефективно, радикалните невладини организации кои го промовираат, треба да докажат дека бројот на абортуси е значително намален, а не да стагнира или да расте. А такво нешто не можат да докажат! Следствено, единствен заклучок е дека ССО воопшто не помага во намалување на бројот на абортуси и она што го тврдат овие организации е безочна лага.


🌐





Sexuality Education in the WHO European Region. Fact sheet of the status of sexuality education in the united Kingdom - BZgA WHO-CC










Comments


bottom of page