top of page

(ВИДЕО) ВЕЛЕС: ДЕБАТА ЗА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ

На 19.05.2023 г. Коалицијата за заштита на децата зеде учество на дебатата за предлог-Законот за родова еднаквост, која се одржа во Велес.


Претставник на Коалицијата беше г-динот Горан Илиев, кој во кратки црти, но мошне елоквентно, јасно и концизно поентираше зошто овој закон е крајно малициозен и штетен, особено за жените.


Светлана Цветкоска од Министерството за труд и социјална политика повторно безочно негираше и ги убедуваше присутните дека не станува збор за закон со кој се изедначуваат мажите што се самоидентификуваат како жени со жените, туку за закон кој се однесува исклучиво на мажите и жените, притоа заборавајќи дека ваквите манипулативни изјави од претставник на министерство по однос на закон кој се однесува и ги засега сите граѓани, повлекуваат сериозна одговорност. Воедно, за да ја оправда нелогичноста на законот и да ги дефокусира присутните, таа изјави и дека овој закон не е обврзувачки и немало потреба од толку загриженост, на што г-динот Илиев соодветно одговори дека секој еден закон е обврзувачки, во спротивно не би имало смисла да постојат закони. После овој аргумент, г-ѓата Цветковска мораше неволно да признае дека тоа што го вели е сосема погрешно и дека навистина законот е обрзувачки, но според неа, само во делот на неговата имплементација, притоа „заборавајќи“ да додаде дека Секретаријатот ќе има ингеренции над сите можни државни институции, како и јавни и приватни ентитети. Со еден збор, законот е обрзувачки за апсолутно секое едно лице во државата.





bottom of page