top of page

ВРВНИ ШВЕДСКИ ЛЕКАРИ ОБЕЛОДЕНИЈА ДЕКА БЛОКАТОРИТЕ НА ПУБЕРТЕТОТ ГИ АФЕКТИРААТ КОСКИТЕ НА ДЕЦАТА

„Мојот син не треба да биде ваков на негова возраст“, рече мајка чиј син разви остеопенија откако му биле припишани блокатори на пубертетот.

Видео: Детранзитер, тинејџерката Клои Кол: Се плашам дека мојата генерација ќе биде изгубена: Поранешното трансродово дете, Клои Кол, ги споделува компликациите со кои се справува секој ден како резултат на медицинските интервенции на кои била подложена откако ѝ била дијагностицирана родова дисфорија. „Не сум сигурна дали овие компликации воопшто ќе исчезнaт“, рече таа.


 

Шведските лекари од едно врвно медицинско училиште објавија систематски преглед на достапната медицинска литература за блокаторите на пубертет кај децата и рекоа дека нивната употреба за лекување на родова дисфорија треба да се смета за „експериментална“.


Лекарите од Институтот Каролинска, рангиран како еден од 15-те најдобри медицински училишта во Европа, објавија труд во Acta Paediatrica на 17 април 2023 година, кој беше делумно финансиран од независна шведска владина агенција задолжена да ги проценува методите што се користат во здравството и да дава препораки. Трудот анализираше илјадници студии и се фокусираше на оние без значителна пристрасност.


Лекарите, меѓу кои и советник на шведскиот медицински одбор, заклучија: „Третманот со GnRHa кај деца со родова дисфорија треба да се смета за експериментална терапија на поединечни случаи, наместо стандардна процедура“. Блокатори на пубертетот, или аналози на гонадотропин-ослободувачки хормон (GnRHa), е класа на лекови кои ги потиснуваат половите хормони со постојано стимулирање на хипофизата.


Систематската анализа на Институтот Каролинска, исто така, стигна до заклучок дека аналозите на GnRH го одложуваат созревањето на коските и депозитите на минерали, кои може само делумно да се обноват до 22-та година од животот со хормони од спротивниот пол. Но, тие забележаа дека истражувањата и во таа област се ограничени.


Лекарите во Шведска сè повеќе искажуваат загриженост за безбедноста на блокаторите на пубертетот.


Рикард Нергард зборува за загриженоста во врска со блокаторите на пубертетот, или GnRH за деца (снимка од Шведската национална телевизија, документарецот може да го погледнете на следниот линк со македонски титлови)


 

Рикард Нергард, педијатриски ендокринолог и истражувач од Институтот Каролинска, изјави за емисијата Mission Investigate (Мисија: Истражување) на Шведската телевизија во 2021 година дека лекарите се обидуваат да не ги држат децата на блокатори премногу долго за да ги минимизираат ризиците од GnRH, кој исто така се користи за медицинска хемиска кастрација, и за некои видови на рак на простата.

„Она што го нарекуваме третман со GnRH е хемиска кастрација. И тоа може да влијае на менталното здравје на несакан и начин различен од намерата. Затоа е многу важно пациентот и семејството на пациентот да бидат информирани за ова“, рече тој.


„Многу сум загрижен поради тоа и мислам дека не сум единствен“, рече тој за неговата загриженост штоGnRH се дава на деца.


Емисијата Mission Investigate извести дека трансродово момче по име „Лео“ од Шведска, кое земало блокатори на пубертетот повеќе од четири години, развило остеопенија, состојба кога на поединецот му недостасува густина на коските, што може да премине во остеопороза и да доведе до фрактури на коските ако не се лекува. И сега, на 15 годишна возраст, не може да стои подолго од 15 минути, живее во постојани болки и има низа проблеми со 'рбетот.


„Мојот син не треба да биде ваков на негова возраст“, рече неговата мајка. „Тој не треба да живее со ова“.


Универзитетската болница Каролинска објави извештај за тоа што се случило со Лео и продолжи со објавување наоди дека и други деца можеби биле изложени на сериозни медицински повреди. После тоа, болницата престана да припишува блокатори на деца со родова дисфорија како стандардна пракса на терапија.


Вниманието и притисокот на медиумите ја натераа Шведската влада да отвори истраги за да ги преиспита нејзините досегашни здравствени препораки. Во 2022 година, нивниот медицински одбор објави упатство за промена на претходните политики од 2015 година, сега со порестриктивна практика на припишување блокатори и хормони на децата.


Универзитетската болница Каролинска, сликана на 18 јануари 2023 година, во Солна, во близина на Стокхолм. Шведска, првата земја во светот која ги призна правата на трансродовите лица, почна да ги ограничува хормонските третмани за „промена“ на полот за малолетници.


 

„Сè уште не е можно да се извлечат дефинитивни заклучоци за ефектот и безбедноста на третманите врз основа на научни докази“, рече одборот. „Ризиците од хормонски третман кој го инхибира пубертетот кај лица под 18 години во моментов ги надминуваат можните придобивки за оваа група како целина“.


Промената на упатствата беше направена и поради „новите сознанија дека детранзицијата се јавува кај младите и... необјаснетото зголемување на бројот на баратели на медицинска нега, со особено голем пораст кај адолесцентите регистрирани како женски при раѓање“.


И покрај ограничениот број на истражувања околу припишувањете блокатори на пубертетот за третирање на родовата дисфорија, давателите на услуги во Соединетите Држави најчесто ги опишуваат лековите како „целосно реверзибилни“ и ја нагласуваат нивната севкупна безбедност.


Лекарите од воената база на Министерството за одбрана, на пример, неодамна ја критикуваа идејата за „внимателно чекање“ на малолетниците со родова дисфорија пред да се пуштат на хормонска терапија, нарекувајќи го тоа „конверзиона терапија“.


„Ова се привремени лекови“, велат од Бостонската детска болница за GnRH. „Тие не предизвикуваат никакви трајни промени“.


„Тоа е како притискање на копчето за пауза“, напишаа од детската болница Сент Луис. Институцијата продолжи со примерот за тоа како GnRH е безбеден, наведувајќи дека FDA (Федералната агенција за лекови) го одобрила за деца со предвремен пубертет, физичка состојба во која децата, вклучително и такви на возраст од само 5 години, почнуваат да покажуваат адолесцентен развој. Оваа состојба може да се контролира со GnRH со цел да се одложи нивниот пубертет до подоцнежна и посоодветна временска рамка.


Сепак, она што не беше експлицитно споменато, е дека лекот се користи „надвор од упаството“ во третманот на родовата дисфорија. „Надвор од упатството“ е практика на припишување лек за поинаква цел од онаа што ја одобрила FDA.


Агонистите на GnRH се користат и кај пациенти со рак на простата.


 

Минатата година, FDA идентификуваше шест случаи на деца кои земале агонисти на GnRH, што претставуваше доволен доказ за да се воспостави „веродостојна поврзаност“ со предизвикување зголемен притисок околу мозокот, што на крајот може да доведе до отекување на тој орган.


Застапниците на блокаторите понатаму тврдат дека запирањето на природниот биолошки процес може да доведе до подобри резултати за трансродовите деца, бидејќи им дава време на семејствата да ги разгледаат своите опции и детето дополнително да го истражи својот идентитет пред да продолжат со трајни лекови, како што се хормоните од спротивниот пол и операции.


Сепак, истражувачите во Каролинска не можеа да ја утврдат психосоцијалната корист од лековите како третман за дисфорија врз основа на тековните, постоечки научни докази.


Оваа позиција на сличен начин ја повтори и д-р Нергард, кој рече: „Научната поддршка за ефектите од третманите и ризиците од третманот е релативно слаба“.


Лекарите кои ја спроведоа студијата финансирана од владата, заклучија: „Доказите за проценка на ефектите од хормонскиот третман на горенаведените полиња кај децата со родова дисфорија се недоволни“.


Д-р Стенли Голдфарб од организацијата „Не прави штета“, за родовите медицински интервенции кај малолетници го изјави следново за Fox News Digital:„Поентата овде е дека се работи за третман кој трајно ги менува животите на овие деца, така што несовесно е да се туркаат овие третмани без јасно разбирање на долгорочните последици. Она што го слушаме од европските земји, вклучително и последното истражување од Белгија, е дека долгорочните ефекти не се во корист на овие деца“.


Извор: Fox News

bottom of page