top of page

ЖЕНИТЕ СИ КАЖАА ЈАСНО ЗА КОГО Е 8 МАРТ



На популарната Фејсбук група „ЖЕНСКИ ДОМАЌИНСКИ МУАБЕТИ“, каде моментално има 63 илјади членови, беше поставена анкета со прашањето:


Дали сметате дека 8-ми март треба да биде празник само за вистинските (биолошки) жени, или и за мажите кои што се чувствуваат и декларираат како жени?


На оваа анкета до сега гласале 683 членови, од кои речиси сите се жени. Од нив, 642 (94%) се изјаснија дека 8 Март треба да биде празник само за вистинските (биолошки) жени, а само 41 (6%) дека 8 Март треба да биде празник и за мажите што се чувствуваат и декларираат како жени.


Инспирација за оваа анкета беше минатогодишниот скандал во Америка, каде што мажот наречен Лиа Томас беше номиниран за жена на годината. Младото момче, чие поранешно име е Вилјам Томас, беше рангиран на 462-то место во машка категорија на пливачи. Но, откако тој законски го смени својот т.н. „родов идентитет“ во жена и го смени името во Лиа Томас, американските закони му дозволуваат да се натпреварува во женски категории на спортови. Тој минатата година освои прво место во пливање во женска категорија, по што многу жени се почувствуваа дискриминирани и обесправени, и се крена голема медиумска бура од реакции, не само во Америка, туку и во светот.

Иако прашањето изгледа навидум чудно, сепак, за жал, тоа е тековно и релевантно за нас во Македонија, бидејќи законот за промена на пол во личните документи е моментално во собраниска процедура како предлог закон.


Коалицијата за заштита на децата ќе направи сѐ што е во нашите законски можности да го спречиме овој закон, којшто е дискриминирачки кон вистинските жени, но не можеме сами и затоа ќе ни треба вашата поддршка.


Овој нов закон остава огромно поле за манипулирање и злоупотреба од страна на мажите предатори, за што сведочат многубројни скандали во светот, како на пример мажот кој, покрај бројни убави жени, токму тој беше избран за Miss Greater Derry. Или пак, мажот кој беше осуден за силување, но бидејќи се декларира како жена, го сместија во женски затвор, каде што силуваше 2 (две!) други жени. Овој текст ќе го завршивме со едно селфи од оваа „жена“ што силува жени, само затоа што ненормалните закони му го дозволуваат тоа:



Comments

Couldn’t Load Comments
It looks like there was a technical problem. Try reconnecting or refreshing the page.
bottom of page