top of page

АНАТОМО-МОРФОЛОШКИ РАЗЛИКИ НА ДОЛНАТА ВИЛИЦА КАЈ МАШКИ И ЖЕНСКИ ПОЛ - пишува стоматолог од Скопје

Во прилог текст од поддржувач на Коалицијата, лекар стоматолог од Скопје, кој објаснува дека не е можно да се промени полот, бидејќи тој е зацементиран во секој еден дел од телото, дури и во вилицата.



 


Спротивно на денешните уверувања дека постојат повеќе полови/џендери (родови - заб.на уред.) и дека е можно префрлање/шифтовање од еден на друг пол со орална терапија и хирушки операции на деца, класичната медицина сѐ уште преку форензиката и судската медицина признава постоење на суштински разлики во изгледот и формата на долната вилица/мандибула кај машки и женски пол по раѓање. Истите ги користи во својата работа и практика. Во практичната стоматологија, скоро и да се небитни тие разлики, но секако се видливи. Медицински и со факти од пред Хипократ, па до денес, разликите се опишани и се состојат во: 1. ГОЛЕМИНА - машката долна вилица е поголема и помасивна од женската, секогаш гледано во целост.

2. АГОЛОТ / ГОНИОН - кој ги спојува вертикалниот и хоризонталниот дел на вилицата кај мажите е поблиску до 90 степени, а кај жените е видно поотворен, т.е. уште поголем тап агол од 110 до 120 степени. 3. ГЛЕДАНО ОД АНФАС Т.Е. ПРЕДЕН ДЕЛ - машката вилица е со аглеста форма, додека женската е со претежно овална форма. 4. РАСТОЈАНИЕТО ПОМЕЃУ ЗГЛОБОТ/КОНДИЛОТ - од лево и десно кај мажите е видно поголем отколку кај жените. 5. ВИСИНАТА НА ГРЕБЕНОТ/ХОРИЗОНТАЛНИОТ ДЕЛ - кај мажите е исто така поголем отколку кај жените. 6. ДОЛНАТА ИВИЦА НА ХОРИЗОНТАЛНИОТ ДЕЛ - кај мажите е видно нерамна линија, додека кај жените е права линија. 7. ЗАДНАТА ЛИНИЈА НА ВЕРТИКАЛНИОТ ДЕЛ - кај мажите е тап агол отворен наназад, а кај жените е рамна линија истата оваа задна ивица на вертикалниот дел. Овие разлики и објаснувања најдобро е кога илустративно се презентираат, а не само вака напишани. Постојат точно прецизни димензии од колку до колку е големината на линија, агол, ивица кај секој пол, но сега е небитно да се замараат читателите со бројки, кои и онака ништо не значат за нив.



Ова се факти кои можете да ги видите и прочитате во секој учебник по анатомија со слики и текст и истите денес се достапни со само еден клик на Google. Но, повеќето кои немаат соодветно месицинско образование или го пропуштиле истото, а нажалост, студирале медицина и формално поминале низ институциите на системот, се плашат да објаснат и излезат со текст што се случува навистина. Едноставно, не знаат, а некои од нив суетно повтараат како папагали тоа што ќе им го каже некој друг и, иако имаат животно и работно искуство, не можат логички да донесат сами заклучок. Секоја чест на бројните истражувачи, кои по цена на губење лиценца и работно место, пишуваат и истражуваат за бројните неправилности на актуелните проблематики во здравството. Мешањето во природните или Божјите закони, како сакате, тоа е едно исто, доведува до неминовна деградација на човечката врста. Опсервацски/набљудувачки факти се секако дека каде и да се замеша човекот во природните текови на организмот на една единка, направил хаос. Секако дека нема човек на планетата кој не се покајал и не размислил дека греши кога се подложува на операција и вадење на непотребен орган. Но, нажалост, денес парите, моќта, суетата се во преден план на оние кои треба да објаснат или воопшто да не се мешаат во одлуката што да прави човекот со своето тело. Тука спаѓаат безбројните пластични операции, не само за промена на полот, туку и за разубавување на поубавиот пол. Фактите говорат дека сите тие се покајале, бидејќи љубовта и почитувањето не доаѓаат заради поголемите гради или усни, туку заради духовната компатибилност и несвесното, кое ние го отфрламе, потпирајќи се само на нешто опипливо и материјално. Колку себично и лудо, мислејќи дека постои само една димензија.

Лекар стоматолог - Скопје



 

Авторот сакаше да остане анонимен, името е познато на редакцијата

Comentários


bottom of page