top of page

ЕКСКЛУЗИВНО: АКТИВИСТИТЕ ОД ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ГО ШЕТААТ СВЕТОТ НА ТОВАР НА НАРОДОТ

Обелоденуваме нови документи, договори склучени помеѓу Министерството за култура и активистите од Хелсиншкиот комитет, со кои се исплатени стотици илјади денари од буџетот за нивни прошетки низ светот.


Договорите откриваат дека Македонија е претставувана во Обединетите Нации од активисти, кои народот ниту ги изгласал ниту дал согласност да биде претставуван од нив, сето тоа благодарение на Постојаната мисија на Македонија во ООН во Њујорк, односно благодарение на амбасадорот Љубомир Фрчковски.


Вики Младенова од Советот на Хелсиншки комитет, која Македонија во светот ја прикажува како земја која ги дискриминира лицата со различна сексуална ориентација и родов идентитет и е дел од активистите што ги туркаaт законите за правно признавање на родовиот идентитет, на 26 април 2023 г. испраќа барање до Министерството за култура да ѝ ги покрие трошоците за патен билет, сместување и дневни трошоци од 90 американски долари, за учество во панел дискусијата „Граѓанското општество и солидарноста“ во Њујорк, САД. За периодот од 3-6 мај 2023 г. бара вкупно 134.430,00 денари, кои беспоговорно истиот ден во целост ѝ се одобрени и префрлени на нејзината жиро сметка. Се разбира, сето ова „во согласност со Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година“, т.е на товар на граѓаните на Македонија. Во прилог, барањето, решенијата и договорот:





Уранија Пировска, извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, истиот ден како и Вики Младенова, односно на 26 април 2023 г. поднесува барање за спонзорство од Министерството за култура, кое повторно истиот ден е експресно одобрено и парите се префрлени на жиро сметка на Пировска. За разлика од Младенова, таа наведува дека периодот на престој во Њујорк е од 2-7 мај 2023 г. и нејзиниот авионски билет е за цели 500 американски долари поефтин, со што великодушно го поштедила Буџетот. Во барањето Пировска наведува дека нејзин главен фокус на учество и презентација во ООН е „поимање на културата како канал за инклузија и прифаќање на различностите“, а воедно ќе ја посети и изложбата насловена како „Екстатични тела“ во кураторство на Славчо Димитров од Маргини по повод „30 години Северна Македонија во ОН“. За каква уметност и за какви различности станува збор, можевме да видиме изминатиот викенд. Вкупниот износ кој е искеширан на извршната директорка на Хелсиншки комитет за нејзиниот петдневен активизам во името на народот во Македонија е 106.510,00 денари, и тоа за „патни трошоци, дневници и трошоци за сместување“.


Во прилог барањето, решенијата и договорот за исплата на Пировска:



Со оглед на тоа што двете барања, и она од Младенова и она од Пировска, од страна на Министерството за култура се класифицирани како „проекти од национален интерес во културата за 2023 г.“, ги повикуваме сите културни уметници да поднесат барање за нивните проекти до Министерството за култура, зашто се чини дека Буџетот ни се прелива и сè се одобрува и исплатува во текот на истиот ден од поднесување на барањето. Само има еден услов: треба да покажете способност да одглумите емотивна сцена колку сте маргинализирани, обесправени и угнетени.


コメント


bottom of page