top of page

ЕКСКЛУЗИВНО: ИРЕНА ЦВЕТКОВИЌ И МАРГИНИ НЕ ЗЕЛЕ „НИТУ ДЕНАР“ ОД ОВОЈ НАРОД – ЛАГА ИЛИ ВИСТИНА?

Ирена Цветковиќ, извршниот директор на организацијата Маргини, која ја турка родовата агенда во Македонија, пред извесно време јавно изјави дека таа и Маргини трошат само странски пари, тврдејќи: „Ние пари на граѓани во Македонија, не трошиме. Еден денар немам потрошено.“



Знаејќи ги манипулациите и лагите кои секојдневно се пласираат по медиумите и социјалните мрежи од Цветковиќ, Коалицијата реши да провери дали тоа што таа го вели е точно и стигна до следниве информации, кои веруваме дека се само мал дел од реалната слика.


Во периодот од јуни до декември 2020 г., од страна на Генералниот Секретаријат на Владата на Р.С. Македонија на Маргини се искеширани 810,000 (осумстотини и десет илјади) денари за „психо-социјална помош на трансродовите лица за време на КОВИД-19“, известува Преземи Одговорност. На извештајот за проектот стои потписот на Ирена Цветковиќ.


Со помош на нашиот партнер „Од нас за нас“ до Министерството за култура испративме барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, во кое беа замолени да достават листа колку средства од Буџетот на Р.С. Македонија преку Министерството за култура се издвоени и префрлени на сметка на Маргини за периодот 2018-2022 година, а за проекти кои го опфаќаат Прајд месецот (за маршот, изложби, сценски изведби, музички изведби и сл. настани во тој период) и за Прајд неделата. После долго одолговлекување, одбивање да дадат точни информации и жалби од наша страна, Министерството за култура конечно ни достави податоци. Во меѓувреме, Коалицијата успеа да стигне и до склучените договори за наведените проекти.


За 2021 г. Министерството за култура потврди дека исплатиле 150,000 (сто и педесет илјади) денари за „Фестивал за квир култура, уметност и теорија - Викенд на гордоста Скопје 2021: Квир заедничкото: Политики на на пријателството, љубовта и афектите (СВП)“. Според наведеното во договорот, тие пари биле за хонорари, снимање и продукција на финално видео, фотографирање на фестивалот, сместување на гости. Во прилог договорот:




За 2022 г. Министерството за култура потврди дека исплатиле 600,000 (шестотини илјади) денари за „Викенд на гордоста Скопје 2022: Екстатични тела“. Во договорот се вели дека овие пари биле наменети за хонорари, патни и продукциски трошоци и печатење на каталог. Во прилог договорот:



За оваа 2023 година, пак, исплатени се 395,108 (триста деведесет и пет илјади и сто и осум) денари за „Фестивал за квир култура, уметност и теорија Викенд на гордоста Скопје 2023 (Квир Хронополитики – Историја, Афекти и Утопии)“, воглавно за хонорари, како и за превод на текстови за каталог/зборник. Во член 2 од договорот е наведено дека Министерството за култура има исплатено хонорар за кураторот на фестивалот, а куратор на фестивалот е Славчо Димитров, програмски директор на Маргини. Во прилог договорот:



Воочливо е дека од Буџетот на Р.С. Македонија се искеширани најмалку 2 милиони денари на Маргини, а како што може да се види во сите договори, од страна на Министерството за култура овие скандалозни прајд настани се третирани како проекти од „национален интерес во културата“. Додека лекуваме деца со СМС пораки и додека Министерството за култура ги крати средствата за вистинските творци и уметници, гледаме вакви „културни“ прајд настани од „национален интерес“, кои се случуваат во просториите под раководство на Министерството за култура и спонзорирани директно од Буџетот на Р.С. Македонија, т.е. од џебот и немаштијата на народот:



Comments


bottom of page