(ВИДЕО) ХОМОСЕКСУАЛЕЦ ПОТВРДУВА ДЕКА ЛГБТИ+ ДВИЖЕЊЕТО ВРШИ ИНДОКТРИНАЦИЈА НА ДЕЦАТА
- vrednosti
- Sep 11, 2022
- 2 min read
Оваа недела, училишниот одбор на округот Мајами Дејд (САД) имаше долга и жестока расправија. Имено, еден од членовите на одборот предложи ново правило, именувано како Х-11 [1], според кое месец октомври треба да биде посебен месец посветен на ЛГБТИ+ историјата, на што голем број родители изреагираа со негодување.
После цели 6 часа дискусија, ова правило не помина, откако повеќето членови на одборот се изјаснија против ваквиот предлог, поради тоа што се коси со правата на родителите според законот за образование. [2]
Меѓу многуте говорници против овој предлог, истапи и млад хомосексуалец, кој отворено укажа дека ова што денеска го прави ЛГБТИ+ заедницата е чиста индоктринација на децата и дека е потребно и полезно за развојот на децата да има луѓе што не се согласуваат со нив, вклучувајќи и со нивната сексуалност.
Ова видео го објавуваме со цел да прикажеме дека постои разлика помеѓу ЛГБ и ЛГБТИ+ заедницата. ЛГБ, односно лезбејките, геј мажите и бисексуалците се залагаат исклучиво за различна сексуалност и се против идеологијата дека постојат повеќе од два пола/рода, против индоктринацијата на децата и против воведување специјални закони за оние со различна сексуалност, поради што тие се жестоко гонети од ЛГБТИ+ заедницата. ЛГБТИ+ заедницата, пак, тврди дека постојат стотици илјадници родови и стотици илјадници сексуални ориентации, сакаат целосно да го освојат образовниот систем и туркаат сите закони да бидат прекроени во нивна корист, а на штета на родителите и децата.
Така што, доколку повторно чуете од нашите ЛГБТИ+ активисти дека тие се залагаат за правата на лезбејките, геј мажите и бисексуалците, знајте дека тоа нема допирна точка со вистината, по сведочењето и на самата геј личност на видеото. Целта е многу повеќе од само барање права.
Извори:
[1] Office of School Board Members - THAT THE SCHOOL BOARD OF MIAMI-DADE COUNTY, FLORIDA, RECOGNIZE AND OBSERVE OCTOBER 2022 AS LESBIAN, GAY, BISEXUAL, TRANSGENDER, AND QUEER (LGBTQ) HISTORY MONTH...
Comments