Демократската влада во Германија предложи нов закон: секој од 14 години нагоре да може легално да смени име и род/пол без дијагноза дека има родова дисфорија и без од нив да се бара да преземат медицински чекори за промена на изгледот. Доколку родителите на малолетниците не се сложуваат, децата можат да побараат "помош" од семејниот суд да одлучи родителите да немаат право на збор. Името и родот/полот ќе можат да го менуваат на секои 12 месеци. [1]
Левичарската Лабористичка партија во Австралија, пак, предлагаат уште порадикален закон. Имено, во државата Квинсланд е предложено во изводот на матичната книга на родените да нема потреба да се запишува полот на детето, ниту "мајка" и "татко". Малолетниците над 16 години ќе можат легално да сменат пол без согласност од родител, само со изјава од некој што ги знае 12 или повеќе месеци. А децата на возраст помеѓу 12 и 16 години ќе можат тоа да го направат барем со согласност на еден од родителите. Легалната промена на полот, исто како и во Германија, ќе може да се врши на секои 12 месеци. [2]
И повторно во Австралија. Според Викторијанската комисија за човекови права, родителите што нема да му дозволат на сопственото дете да прима блокатори на пубертетот за да го стопира нормалниот процес на телесен развој, го прекршуваат законот. Односно, Комисијата вели дека е илегално "родител да одбие да го поддржи барањето на своето дете за медицинска терапија што ќе му овозможи стопирање на физичките промени за време на пубертет, кои не соодветствуваат со неговиот родов идентитет". Ваквата изјава на Комисијата наиде на спротивставување од страна на Патрик Паркинсон, професор по право на Универзитетот во Квинсланд. [3]
Ваков сличен предлог закон имаше и во Македонија пред само неколку месеци [4], кој благодарение на Коалицијата за заштита на децата беше стопиран. [5]
Меѓутоа, ЛГБТИ активистите не се откажуваат од барањето да им се даде слободен избор на родот во матичните книги на трансродовите лица. Македонија има обврска до крајот на 2022 година да обезбеди правна процедура во која ќе има правно признавање на родот, вели Кочо Андоновски, од ЛГБТИ Центарот за поддршка. [6]
Една од пратениците што сакаат да го протуркаат овој закон е и Моника Зајкова од ЛДП, според нејзината неодамнешна изјава. [7]
Извори:
[1] Reuters - Germany presents plan to make changing gender easier
[2] Daily Mail UK - How Aussie birth certificates could soon have NO gender - amid proposals to let people switch from man to woman every 12 months
[3] Gender Clinic News - 'Overreach' by conversion therapy watchdog
[4] Република онлајн - Нов закон со знаменце: Може да си од машки пол, но да се изјасниш како жена и обратно
[5] Коалиција за заштита на децата - ПОБЕДА! МАКЕДОНЦИТЕ ОБЕДИНЕТО СЕ СПРОТИВСТАВИЈА НА РАДИКАЛНАТА РОДОВА ИДЕОЛОГИЈА
댓글