top of page

РОДОВА ДИСФОРИЈА - ИЗВЕШТАЈ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ НА ФЛОРИДА (САД)



Преглед на извештајот


На 20-ти април 2022 година, Министерството за здравство на Флорида издаде упатства поврзани со третманот на родова дисфорија кај деца и адолесценти. Во согласност со поглавјето 59G-1035 од Административниот законик на Флорида, Секретарот на Агенцијата за спроведување на здравствена заштита побара од Флорида Медикaид (Florida Medicaid) програмата да ја провери усогласеноста на терапиите со општо прифатените професионални медицински стандарди. Овој извештај беше завршен на 2-ри јуни 2022 година и откри дека неколку услуги за третман на родовата дисфорија – т.е. операција за промена на полот, хормони од спротивниот пол и блокатори на пубертетот, не се во согласност со општо прифатените професионални медицински стандарди и се експериментални и сè уште во фаза на истражување, со потенцијал за долгорочни штетни ефекти.



Што треба да знаете


Извештајот на Агенцијата ги сумира научните истражувања за ефективноста на третманот за родова дисфорија кај децата. Истражувањето откри:

  • Научните студии, кои ја поддржуваат терапијата за замена на хормони, блокаторите на пубертетот и операцијата за промена на полот како лекување на родова дисфоријата се слаби до многу слаби.

  • Доказите, кои покажуваат придобивки од терапии за замена на хормони за родова дисфорија, се многу слаби.

  • Научните студии не покажуваат дека употребата на блокатори на пубертетот го подобрува менталното здравје.

  • Постои недостаток на долгорочни студии и иследувања по операцијата за промена на полот.

  • Не постојат контролни испитувања по случаен избор за ефективноста на третманот со „потврдување на родот“.

Во клиничкото истражување, контролни испитувања по случаен избор се златен стандард за демонстрација на ефикасноста и безбедноста на новиот третман.


Прочитајте го Извештајот


Прилог А: Пренесно писмо



Студии засновани на докази


Во извештајот на Агенцијата се прикачени пет стручни извештаи од експерти за предметот, вклучително и истражувачи за здравствена заштита, кои го проучувале квалитетот на доказите на кои се потпираат за грижата за „потврдување на родот“. Врските до нивните извештаи се погоре, а подолу може да прочитате цитати од нивните клучни наоди.


Ромина Бригнардело-Петерсен, ДДС, м-р, доктор на науки (клиничка епидемиологија и истражување на здравствената заштита) и Војтех Вирчиох, м-р, доктор на науки (истражување за здравствена заштита):

„Постои многу мала потврда за ефектите на блокаторите на пубертет врз самоубиствените идеи“. (страница 3)
„Најдовме мала и многу мала потврда на докази кои укажуваат на подобрувања на родовата дисфорија, депресијата, анксиозноста и квалитетот на животот, како и ниски стапки на несакани настани, по третман со блокатори на пубертетот и хормони од спротивниот пол.“ (страница 4)
„Поради значајните ограничувања во корпусот на докази, постои голема неизвесност за ефектите на блокаторите на пубертет, хормоните од спротивниот пол и операциите кај младите луѓе со родова дисфорија“. (страница 5)

Џејмс Кантор, доктор на науки (психологија):

„Истражувањето врши значајно разграничување помеѓу извршените самоубиства, кои се случуваат првенствено кај биолошките мажи и ја вклучуваат намерата да се умре, од самоубиствените идеи, гестови и обиди, кои се случуваат првенствено кај биолошките жени и претставуваат психолошка вознемиреност и повици за помош. Доказите се минимално конзистентни дека трансфобијата е доминантната причина за самоубиственост. Доказите се значајно и силно конзистентни со хипотезата дека другите проблеми со менталното здравје, како што е граничното растројство на личноста (БПД), предизвикуваат самоубиственост и нестабилни идентитети, вклучително и конфузија на родовиот идентитет“. (страница 3)
„Меѓународниот консензус за јавните здравствени услуги е дека нема докази за поддршка на медицинската транзици на млади лица. Мислењата во САД се во остра спротивност со оние од Шведска, Финска, Франција и Обединетото Кралство, кои издаваат сè порестриктивни изјави и политики, вклучително и забрани за секаква медицинска транзиција на малолетници. (страница 3)

Д-р Квентин ван Метер, доктор (педијатриска ендокринологија):

„Застапниците на афирмацијата постојано се осврнуваат на утврдениот зголемен ризик од самоубиство, доколку некоја од стратегиите за афирмација не се спроведе до крај. Тие упатуваат на сопствените објавени студии, кои тврдат драматично подобрување на состојбата на менталното здравје на пациентите кои се афирмирани на сите три начини, но тие цитираат податоци од прикладно избрани примероци, кои никогаш не треба да се користат за да се докаже нешто друго освен, во најдобар случај, асоцијација. Таквите студии никогаш не можат да докажат каузалност“. - (страница 10)

Патрик Лаперт, доктор (пластична хирургија):

„Се тврди дека маскулинизацијата на градите има докажана корист во намалувањето на дисфоријата и пропратниот ризик од самоубиство. Но, објавените студии, кои го даваат ова тврдење за користа, нудат докази со низок до многу низок квалитет“. (страница 5)

Г. Кевин Донован, доктор (педијатрија и биоетика):

„Сè додека не можеме да ја покажеме ефикасноста и безбедноста на кој било предложен третман или интервенција, неговата употреба по правило мора да се смета за медицински експеримент и да бара целосно информирана согласност. Сè што е помалку од ова е предавство и на нашите принципи и на нашите потомци“. (страница 7)


Тврдења наспроти докази

Извештајот е надополнување на упатството на Министерството за здравство на Флорида од 20 април 2022 година, во кое е детално опишан недостатокот на убедливи докази во неодамнешните директиви и „листите со факти“ издадени од Министерството за здравство и човечки услуги на САД за покривање на грижата за „потврдување на родот“, за деца и адолесценти.


ТВРДЕЊЕ: Сите медицински експерти се согласуваат дека грижата за „потврдување на родот“ е медицински неопходна, делотворна и безбедна за ублажување на родовата дисфорија.


ДОКАЗ: Доказите кои сугерираат подобрувања на родовата дисфорија, депресијата, анксиозноста, квалитетот на животот и ниските стапки на несакани настани, по третман со блокатори на пубертетот и вкрстените полови хормони, се со ниска и многу ниска сигурност.





ТВРДЕЊЕ: Користењето на вкрстените хормони е безбедно, а физичките промени се целосно реверзибилни.


ДОКАЗ: Терапијата со хормони од спротивниот пол создаваат промени во телото, лицето, тонот на гласот и развојот на косата, кои се неповратни.


ТВРДЕЊЕ: Блокаторите на пубертетот не се штетни, а нивните ефекти се лесно реверзибилни. Употребата на блокатори на пубертетот ќе им „купи време“ на малолетниците, кои го преиспитуваат својот пол.


ДОКАЗ: Управата за храна и лекови на САД не одобри ниту еден лек кој е клинички индициран за третман на родова дисфорија. Нема докази за долгорочните ефекти на блокаторите на пубертетот врз сексуалната функција. Половите хормони, исто така, имаат важен и траен ефект врз развојот на мозокот и психологијата на адолесцентите.



Влијанието на социјалните медиуми врз родовата дисфорија


Студиите на Агенцијата засновани на докази на експерти од предметната материја, го дискутираат влијанието на платформите на социјалните медиуми врз родовата дисфорија, особено на родовата дисфорија со брз почеток (индуцирана родова дисфорија) кај децата:


„Адолесцентите, кои немале историја на типични карактеристики на родова дисфорија, поминуваат низ ненадејна промена во идентитетот откако имале интензивно влијание од врсници и/или медиуми, кои силно промовираат трансродов начин на живот“. - Извештај AHCA страница 5
„Со оглед на тоа што социјалните мрежи се преполни со поединци, кои промовираат медикаменти и операции за „потврда на полот“, децата прават самопроценки врз основа на чувства што можеби не ги разбираат и верувајќи дека имаат потреба од третмани, коишто во иднина можат да доведат до длабоко жалење“. - Извештај AHCA страница 30
„Тоа е таа карактеристика што доведе до терминот Родова дисфорија со брз почеток (Индуцирана родова дисфорија). Поголемиот дел од случаите се чини дека се јавуваат во кластери на врсници и во тесна поврзаност со зголемената употреба на социјалните медиуми, особено кај луѓето со аутизам или други невроразвојни или ментални здравствени проблеми. - Извештај на AHCA Cantor, страница 19



 

Превод од ангиски: М.О.









159 views0 comments
bottom of page