top of page

КНИГА: Приказни за момчиња кои не се плашат да бидат поинакви

До Коалицијата за заштита на децата се обрати мајка, која сподели искуство со книга што нејзиното дете ја добило за роденден и не' замоли да ги предупредиме другите родители да внимаваат што читаат нивните деца.


Станува збор за книгата „Приказни за момчиња кои не се плашат да бидат поинакви“ од авторoт Бен Брукс, која се продава во книжарниците ширум Македонија. Во описот на содржината се вели:

Инспиративна колекција од СТО приказни за славни и не толку славни мажи од минатото до денес кои го направиле светот подобро место преку сочуство, великодушност и самодоверба.

Меѓу другите приказни, ја има и приказната за Алан Л. Харт, на кој родителите му „доделиле“ погрешен пол кога се родил и мислеле дека е девојче. Но, „тој“ не се чувствувал комотно во сопственото тело, зашто бил момче „заробено во женско тело“. Токму така, Алан всушност била девојка, која се претставувала како маж. Во книгата се опишуваат нејзините лезбејски врски, како д-р Гилберт ја оперирал за да изгледа како маж и дека општеството е толку лошо и неблагодарно, што само му го отежнувало животот на Алан.


Во нашето истражување кој е авторот, дознавме дека Бен Брукс има напишано неколку книги за деца и тинејџери. Според описот на The Guardian, во книгата „Порасни“ главниот лик Џаспер, кој има 17 години, фантазира за силување, дрогира млади девојчиња и има секс со нив како да ги силува, а воедно и има секс со постари жени.


Во книгата Лолито, пак, е опишана педофилска врска на наставничка со дете од 15 години. Главниот јунак, разочаран затоа што неговата девојка го изневерила, почнува да пие и се вклучува на интернет, каде во чат група за возрасни ја среќава атрактивната средовечна жена, која е во брак и има деца. Започнуваат со секс пораки, а во меѓувреме книгата продолжува со средба во мотел во Лондон каде имаат луди секс игри, дури и бизарна топлес игра, каде се удираат по стомак се' додека не си направат модрици и потоа одат да го тетовираат обликот на тие модрици.


Се надеваме дека ви доловивме какви книги пишува овој автор и зошто треба родителите да внимаваат што купуваат и што им даваат да читаат на децата.

Comments


bottom of page