Марија Митевска од Код: Наредната епизода на КОД која се емитува в недела ќе биде посветена на анти родовите движења во земјава. Како коалиција која сочинува вакви движења и се залага за зачувување на традиционалните вредности во прилог неколку прашања. Кој е основач на коалицијата?
Коалиција за заштита на децата: Од самото свое формирање, Коалицијата за заштита на децата работи отворено и транспарентно пред јавноста и секако дека за нас не претставува никаков проблем да излеземе во пресрет на Вашето барање, меѓутоа би сакале да нагласиме дека од Ваша страна очекуваме новинарски професионализам и се надеваме дека нема да станеме сведоци на вадење од контекст на нашите одговори или монтирање на истите во скроено сценарио.
Воедно, би сакале да побараме од Вас да се посветите и на друга, но сепак поврзана тема, која чиниме вешто се избегнува, а сепак е од голем интерес за граѓаните на Македонија, па во КОД да чуеме одговори и на прашањата: кој сѐ ги спонзорира и финансира родовите движења (конкретно, невладините организации Хера и Маргини), со колкава сума и зошто; колкава е платата на вработените, особено на извршните директори; дали овие "активисти" се подготвени да покажат на дело дека ќе работат со истиот елан кога не би биле платени од нивните странски спонзори; дали некогаш, барем за момент, им пречи тоа што земаат пари од Сорос, кој во Унгарија соработувал со нацистите против својот еврејски народ; од што се плашат што постојано избегнуваат да се соочат и да дебатираат со нас; каква цел имаат кога велат дека децата треба од најмала возраст да бидат подучувани за сексуалноста, дека "љубовта не познава возраст" и активисти од нивните редови изјавуваат дека е во ред 12 годишни деца да имаат секс со 50 годишни мажи или жени... Имаме уште голем број други прашања, но оставаме простор и на Вашата креативност.
Коалицијата за заштита на децата беше спонтано основана во 2022 година од група на родители и загрижени граѓани, кои подолго време комуницираа и меѓусебно споделуваа информации за опасноста од родовата идеологија т.е. родовата еднаквост и сеопфатното сексуално образование, кои промовираат безброј полови/родови, за таа комуникација на крај да резултира со одлука дека има потреба и останатите родители да бидат информирани за сето тоа и сите да се обединат со цел заштита на децата.
Основањето на Коалицијата беше особено забрзано со објавувањето на предлог-измените на Законот за матична евиденција кои требаа да се изгласаат во Парламент, така што во период од три дена успеавме да обединиме дваесеттина организации и да испратиме писмо до тогашните 120 пратеници, во кое детално образложивме од правен, медицински и социјален аспект зошто ваквите предлог измени се опасни за целото општество, по што предлог-измените веднаш потоа беа повлечени. Тоа ги одбележа нашите успешни почетоци, и две и пол години подоцна сѐ уште продолжуваме со нови достигнувања, соработки и постојано проширување на нашата мрежа. Односно, сѐ додека постојат радикални родови движења, платени од богати олигарси за да ги индоктринираат нашите деца, сѐ дотогаш продолжува и Коалицијата да постои.
***
Марија Митевска од Код: Кои се донатори на коалицијата и од каде се финансира?
Коалиција за заштита на децата: Она што на платените родови активисти им се чини неверојатно и неверодостојно е фактот што никој од Коалицијата не е платен за својата работа и самата Коалиција не е финансирана од ниту едно тело, за разлика од нив, туку само од личниот џеб на членовите и од оние загрижени граѓани за децата, кои донираат колку што им се можностите.
Всушност, воопшто и не замеруваме на оние кои мислат дека сме платени за сето ова што го работиме, зашто во Македонија навистина за првпат постои ваква организација на волонтери, која не само што демонстрира квалитети кои честопати ги нема и во платените организации и институции, туку и успева да го обедини народот, да обедини над 30 организации, без разлика на верската, партиската или етничката определба и припадност. Не замеруваме и заради тоа што јасно ни е дека, иако е факт и вистина, тешко е да се поверува дека волонтери пишуваат и преведуваат текстови и видеа, волонтери вршат истражувачко новинарство и интервјуа, волонтери организираат инфо сесии, проекции на филмови и вебинари со соработници од цел свет, волонтери изработуваат графички дизајни на флаери и брошури, волонтери читаат и анализираат закони... Волонтери, кои се новинари, правници, доктори, економисти, службеници, водат свои мали бизниси и друго, но пред сѐ се родители, кои имаат искрена и длабока љубов, и кон своите и кон туѓите деца.
Токму овој факт комплетно ја демаскира лагата дека анти родовите движења се финансирани од олигарси и земаат милионски суми. Се разбира, тоа не значи дека Коалицијата одбива да биде финансирана. Напротив, секој е добредојден финансиски да помогне, но треба да има предвид дека финансиската поткрепа не му овозможува и поседување на Коалицијата. Коалицијата е и останува независна од партии, верски организации и имотни поединци, останува од народот за народот.
***
Марија Митевска од Код: Која е целта на коалицијата?
Коалиција за заштита на децата: Целите на Коалицијата се јасно објаснети на нашата веб страница во делот За нас. Се залагаме за заштита на општеството, а пред сѐ на децата, од рана сексуализација и индоктринација со родовата идеологија, уште позната и како "родова еднаквост", според која не постојат само два пола/рода, туку безброј, и тие може да се менуваат. Во образованието оваа идеологија се воведува преку контроверзното сеопфатно сексуално образование, уште познато и како образование за репродуктивното здравје, во сите предмети каде што е тоа возможно, а во општеството преку платени влијателни личности и невладини организации, кои манипулираат со термини и тврдат дека анти родовите движења т.е. загрижените родители се финансирани од олигарси за својата љубов кон своите деца.
"Родовата еднаквост" претставува сериозен проблем со кој се соочува Македонија, а кој е веќе ескалиран во земјите на Запад, каде сведоци сме на случаи кога државата ги одзема децата од родителите, само затоа што родителите не се согласуваат децата да се идентификуваат подруго од нивниот биолошки пол и да си го осакатуваат своето тело со медикаменти и операции, сведоци сме на случаи кога "девојчиња" со машки гениталии силуваат девојчиња во женски тоалети во училиштата, сведоци сме на натписи по весниците "жена забремени друга жена", сведоци сме како мажи, кои се идентификуваат како жени, се натпреваруваат во женска категорија и ги одземаат првите места и титулите на жените и девојките итн.
Коалицијата изрично застанува против "родовата еднаквост" од горенаведените причини, но сестрано се застапува за половата рамноправност и комплементарност, каде и мажите и жените имаат еднакви можности и права, се застапува за слобода на говорот и изразувањето, заштита од модерната дискриминација, каде се дискриминирани сите оние кои ги негуваат традиционалните фамилијарни вредности, и се залага за општество слободно од омраза и диктатура, каква што неодамна можевме да видиме кога родови активисти поднесоа кривична пријава и се заканија на наши членови со затвор, само затоа што поставија просто прашање (ако Ви се верува во ваков апсурд) - зошто родовите ЛГБТИ+ активисти го избрале токму Кратово за нивната летна школа.
Коалицијата смета, а и Уставот гарантира, дека родителите се тие кои имаат право да одлучуваат какво образование треба да имаат нивните деца, а за да донесат правилна одлука, потребно е да имаат точни информации и да ја знаат вистината, без примеси на манипулации и задкулисни намери.
***
Марија Митевска од Код: Партиска поддршка имате од Родина, како што е наведено и на вашиот сајт, која важи за проруска партија. Како ги коментирате ставовите дека овие движења се под руско влијание?
Коалиција за заштита на децата: Навистина нѐ збунивте со ова прашање, бидејќи од една страна велите дека Родина "важи за проруска партија", што во превод значи дека партијата гаи симпатии и/или желба за соработка со Русија, а од друга стана велите дека Родина е "под руско влијание", што во превод значи дека некој од Русија ја основал или финансира. Што се однесува до првото, за симпатиите и желбите на Родина, ќе мора ним да им се обратите за коментар, а што се однесува до второто, вашите шпекулации може да ги испитате повторно или со Родина или со соодветните институции. Ние не сме во состојба да одговориме на нешто што не е ниту во доменот на нашата стручност ниту игра некаква улога во партиски-независното постоење на Коалицијата.
Како што кажавме погоре, Коалицијата се застапува за конкретно определени вредности, кои ги делат огромното мнозинство народ во Македонија, без разлика на нивната партиска, верска или етничка определба и припадност. Односно, Коалицијата опфаќа еден широк дијапазон на луѓе, кои ги делат нашите ставови за раната сексуализација на децата, родовата идеологија (=родовата еднаквост) и човековото право на слободна мисла, но имаат различно разбирање за останатите политички прашања поврзани со економијата, меѓународната и домашната политика, војската, берзата итн. Живееме во слободна и демократска земја, каде секој може да има какви сака мислења, кои другите немаат право да им ги забрануваат и ускратуваат, туку може само аргументирано да дебатираат за истите. Мислата, сепак, не боли.
***
Марија Митевска од Код: Да појаснам околу 4 прашање. Партиска поддршка имате од Родина, како што е наведено и на вашиот сајт, која важи за проруска партија. Како ги коментирате ставовите дека овие движења се под руско влијание?
На движењата се мисли на антиродовите движења кои се дел од коалицијата, а не на Родина која е партија, а не движење...Значи да појаснам со прашањето проширено- Како ги коментирате ставовите дека антиродовите движења кои се дел од коалицијата се под руско влијание поради поддршката на Родина, како проруска партија и која ги поддржува политиките на рускиот претседател Владимир Путин?
Коалиција за заштита на децата: Благодариме на појаснувањето на прашањето.
Ако под "движење" го подразбираме она што толковниот речник го дава како дефинирација, тогаш повторно ќе кажеме дека да, Коалицијата е група луѓе (организации) со заеднички цели, кои ги наведовме во одговор под бр. 3. Партиската поддршка, не само од Родина, туку и од Интегра и МААК, значи дека тие како партии се сложуваат и ги поддржуваат традиционалните вредности на кои се темелат нашите цели наведени во одговор под бр. 3 - слободно општество од родовата идеологија, слободно општество од дискриминација на оние со традиционални семејни вредности, заштита на децата од стерилизација и осакатување, заштита на децата од рана сексуализација, промовирање на половата рамноправност, заштита на слободата на мисла, говор и изразување и заштита на родителските права.
Во случај доколку постои таков кој не би го поддржал горенаведеното, тогаш треба навистина да се запрашаме каков проблем има и колкав ризик претставува за општеството оној којшто негира и не сака безбедност на децата, среќни семејства и слобода на луѓето.
Како што понатаму објаснивме, Коалицијата се фокусира исклучиво само на овие прашања. Има членови и партнери на Коалицијата меѓу кои има различни ставови по однос на домашната и меѓународната политика, пазарната економија, вакцините и сл, но тие теми не е од интерес на Коалицијата. Ние никогаш никого не цензурираме заради различноста, без разлика дали станува збор за ставови и мислења, партиска или верска определба, или етничка припадност.
Тоа што некој сака да ја поврзе Коалицијата со Русија, иако работиме на македонско тло без никаква конкретна финансиска поткрепа, и да ја стави во конотација на рускиот претседател Владимир Путин, е само доказ дека таквиот се плаши од Коалицијата, бидејќи тој очигледно има спротивни ставови и делува на штета на семејството, децата и воопшто државата.
Нѐ прашувате "како ги коментираме ставовите", а не наведувате кој ги кажал тие ставови и каде. Во однос на тие "ставови", навистина нѐ загрижува ако во КОД, како емисија која е "клуч за вистината", останеме само на коментари, а не и на подлабоко истражувачко новинарство. Затоа, Ви даваме потполна слобода во вашата емисија отворено и јавно да ги повикате оние кои тврдат дека конкретно Коалицијата е поврзана со Русија и рускиот претседател, и да изнесат докази за тоа. Во спротивно, секој таков "став" може да се класифицира само како "рекла кажала муабети", за што веруваме дека ниту еден сериозен новинар не би требало да си го троши своето време.
Забелешка: Прашањата од Марија Митевска од Код до Коалицијата беа испратени во четврток 26.09.2024 г. Следниот ден, петок 27.09.2024 г., Коалицијата ги испрати одговорите до Код. Само неколку часа подоцна, без никакво истражување и со веќе однапред подготвено сценарио, Код имаа најава за готова епизода, која се емитуваше два дена подоцна, во недела 29.09.2024 г. Манипулациите и упорното лажно тврдење дека Коалицијата е под руско влијание може да ги видите тука.
Во прилог, оригиналната преписка помеѓу Коалицијата и Марија Митевска од Код.
Comments