ВНИМАНИЕ: Експлицитни фотографии на крајот од текстот. Доколку не поднесувате грозоморни фотографии, ви препорачуваме да не ги гледате.
Се разбудив збунета. Kаде сум? Што се случи, и зошто лежам на подот во бањата потопена во урина помешана со крв? Како што ја бришев урината од внатрешноста на нозете, посегнав по нешто за да се исправам, сѐ уште несвесна каде сум. Бев премногу слаба за да станам сама, затоа се наклонив на масата за стабилност и погледнав во огледалото. Кој е овој средновечен маж што ме гледа од огледалото? Каде е Кели? Каде заминав? Што постанав? Од внатре се чувстував како Кели, но за неколку месеци, исчезна она што бев. Тресејќи ја главата за да ја олеснам болката и дезориентацијата што ги доживував, ми се врати целиот филм. Се завртив кон тоалетoт. Таму бев. Повторно сум се онесвестила од болката предизвикана од бактериска инфекција поради 15 сантиметри долго влакно во мочниот канал. Овој пат, инфекцијата беше толку тешка што имав силиконска туба во раката за достава на антибиотици преку инфузија. Се будев со болка секое утро. Ми се одземаше целата енергија само да се облечам за работа, да докуцам до колата, да влезам во болница и да примам инфузија со антибиотици. Самиот опстанок стана борба. Само 15 месеци пред тоа, имав фалопластија, операција за промена на гениталиите од женски во машки, при која докторите создадоа пенис, користејќи кожа отсечена од рацете и нозете. Тоа беше мојата 6-та операција по ред во рок од две години. Беше најтрауматична од сите и од тогаш почнав да ја трпам осакатувачката болка поврзана со споредните ефекти на операцијата, за којашто ми беше кажано дека е рутинска. Токму така, и покрај опасностите од таквите сериозни медицински процедури, хирурзите кои влегуваат во полето на трансродовата хирургија имат мала или никаква специјализација. Докторите, кои сакатат да ја прошират праксата, во суштина, може да скокнат до локалната дигитална печатница и да си направат знак „Трансродов хирург“, да го закачат на вратата, и - оп - трансродовата манија ќе им обезбеди редица пациенти кои молат за операција. Вчас, осигурителни компании им одобруваат процедури од 50,000 долари со профитни стапки како за операција на мозок - без прашања. Овие хирурзи го имаат штитот на ЛГБТК моќта за заштита од било каков критицизам, како и армија активисти кои секој негативен публицитет го разионализираат како „трансфобија“. Овие нестручни хирурзи се кријат позади ЛГБТИК идологијата за да ги избегнат случаите на медицинска несовесност, зашто трансродовата хирургија се смета за експериментална; а без поставена основа за споредба на резултатите, тужбите се речиси невозможни. Голем број врвни хирурзи во светот одбиваат да извршат трансродови операции за промена на гениталиите, не поради биготизам, туку затоа што ги знаат ризиците поврзани со една елективна операција од неверојатно висока стапка на компликации. Меѓутоа, за хирурзите свикнати да заработуваат 300,000 американски долари годишно за апендиктомии и други помалку сложени процедури, речиси е невозможно да се одолее на замката за инстант зголемување на приходот со извршување операции за „потврдување на родот“. А од мое искуство, голем број од овие доктори кои учествуваат во овие операции, без проблем ги игнорираат компликациите произлезени од нив, сѐ додека продолжуваат да добиваат пари. Компликациите произлезени од мојата операција го сменија датумот на мојата надгробна плоча. Си го скратив животот со оваа одлука, и секој ден мислам за иднината на моите внуци, знаејќи дека можеби никогаш нема да ги сретнам. Копнеам по нив, а во умот постојано си велам: „Извинете дечиња мои и идни внучиња. Многу, многу ми е жал.“ Си приспомнувам на индоктринацијата и нелагодноста кога застанав на хируршките топогани, а кога ќе се навратам наназад, ме обзема срам. Како можев да бидам толку глупава на 42 години? Додека се справувам и се обидувам да се опоравам од пост трауматично стресно нарушување, сѐ уште живо се сеќавам на целата приказна. Очите ми станаа тешки, но светлите бели ѕидови на хируршката клиника ме држеа будна, сѐ додека лекарствата во инфузијата не почнаа да го ублажуваат тоа. „Ништо нема да ти биде“, ми рече Линет, мојата свршеница, но нешто одвнатре ми кажуваше поинаку. Нешто во мене врискаше да скокнам од носилката, додека сестрата почна да го откочува креветот за да ме одведе во операционата сала. Линет можеше да види дека сум вознемирена и ми ја стисна раката посилно. Гестот ме смири, но длабоко во мене чувствував загриженост што таа беше толку нетрпелива да ме одведат во операционата сала. Посакувам да имав повеќе време да разговарам со неа, но наместо тоа, сѐ беше како виор набрзина. Сакав да ѝ ги кажам моите стравови, но наместо тоа, ѝ се насмевнав, надевајќи се дека секој момент ќе каже: „Душо, знам дека ова го правиш за мене, ама не мора, зашто ќе те сакам секако, токму каква што си.“ Како што во мене растеше ужасот, минутите се чинеа часови. Сѐ дури одеднаш не сфатив и се обидов да си го кренам телото за да приговорам, да кажам „Стој, ова не е во ред!“ Но, беше предоцна. Нити Линет ниту, пак, јас реков нешто. Додека да се соземам, лекарствата ме обзедоа. Последното што го почувстував беше продорното студенило на металната операциона маса, додека анестезиологот ми велеше: „Бројте од 100 наназад, господине.“ Се обидув да соберам доволно сила да му кажам: „Чекај, не сум господин. Ова е погрешно.“ Но, сѐ што можев да направам беше безгласно трепкање на очните капаци, борејќи се да останат отворени, додека умот јуреше. Сакав да прекинат, а потоа сѐ стана црно. На денот на операцијата, имаа поминато само два и пол месеца откако почнав да примам инјекции со тестесторон, но трансформацијата веќе стана видлива. Речиси моментално, мојата вообичаена самоувереност - една од клучните компоненти која ме направи ултра-успешна бизнис директорка за продажба - се измолкнуваше од мене. Се прашував зошто. Мојата самодоверба и самоувереност ги тераа луѓето да ме гледаат кога зборував на презнтација за продажба; им го задржував внимание. Но, мојата искреност ме правеше поинкава. Падот на мојата самодоверба започна речиси веднаш по првата инекција со тестесторон, и ми требаа неколку месеци да сфатам дека се повлекував во разговорите. На состаноците за продажба престанав да земам збор, да е распрашувам за стратегиите, престанав да се борам за клиенти; сакав да влезам и да излезам без многу врева. Ова не бев јас, и тоа ме збуни. Реалноста беше дека, иако посакував да бев се родила машко, мислејќи колку животот би ми бил полесен, сепак не бев машко. Низ животот навлегував подлабоко, обидувајќи се да развијам љубов за тоа која бев, и ми требаше долго време да го започнам процесот на себеприфаќање. Сонував да бидам „ултра“ момчето кое татко ми го посакуваше; „Кралот“ во семејството кој ќе имаше сѐ. Ќе бев алфа мажјакот ставен на пиедестал, украсен со фудбалски топки, мотори, пари, внимание, кал и сѐ останато што сакав. Наместо тоа, онаа која навистина бев, ја прифатија, но не ѝ се радуваа, и бев болно свесна за тоа. Низ годините работев напорно, но, и покрај тоа што конечно почнав да ја прифаќам мојата уникатност, не можев да ѝ одолеам на фантазијата за она што ми беше кажано дека медицинската транзиција може да го постигне. Компликациите и проблемите ги разгледав површно, а моето прифаќање на она што мислев дека е себеприфаќање, не беше доволно вкоренето, за да се борам против сонот кој постојано го мотав во глава уште од дете. Идејата дека можам да се вклопам во сложувалката што чувствував дека отсекогаш ми беше негирана, беше нешто што не можев да го оттргнам. На 42 години, кога медицинската индустрија ми рече дека можам повторно да се родам, како машко, ѝ поверував. Во текот на двата и пол месеци од тестостеронската терапија, ги сменив и заменките, а колегите на работа почнаа да ме зјапаат, за што јас бев болно свесна. Почнав да се сомневам во себеси и се чувствував повлечено. Сакав да зборувам со Линет, но таа се замота себеси во она што транзицијата го направи за нас како пар, која само наводно реши сѐ на хартија. Исто така, не постоеше нешто што би ми помогнало - на интернет, во книгите, или на YouTube видеата - кое детално ќе ја опише емотивната страна на транзитирањето. Можеа да се најдат само радосни трансродови луѓе, коишто магично се трансформирале. Бев изненадена колку брзо можев да го изведам транзициониот процес, имајќи го предвид фактот што на тестостерон бев кратко време. Се чинеше дека на медицинските професионалци не им беше грижа; сите тие беа премногу нетрпеливи да продолжат со процедурите и да ја титнат кредитната картичка. Среќното и безгрижно продавање на „медицинска транзиција“ и нејзината сурова реалност, не се поклопуваа. Докторите и поборниците за медицинска транзиција не ве подготвуваат за пост трауматично стресно нарушување поврзано со транзитирањето; тие не го ни спомнуваат пост трауматичното стресно нарушување или кои било од мноштвото маки, оти тоа се смета за трансфобично. Сакам да ја раскажам мојата приказна, за другите да го слушнат она што медицинската индустрија се плаши да го каже гласно: Операцијата за промена на полот не е магичното решение што го опишуваат докторите, медиумите и културата. Од ова искуство научив дека луѓето можат да се убедат во сешто, ако тоа се презентира во вистинскиот момент, на вистинскиот начин и од вистинските луѓе, и јас не сум исклучок. Сега, сакам да ги заштитам другите од истите лаги на коишто јас наседнав. Бидејќи, вистината вреди.
Скот Њуџент е автор, активист и основач на TReVoices, организација што се застапува за сопирање на родовото транзитирање на децата.
ВНИМАНИЕ: Експлицитни фотографии од фалопластија т.е конструирање на вештачки пенис. За да се конструира вештачки пенис, се сече кожа од подлактицата, бутот или во некои случаи, се користи дел од големото црево.
Превод: М.О.
Comments