Изминатиот викенд, претставници од огранокот на Коалицијата за заштита на децата во Австралија присуствуваа на „Оставете ги жените да зборуваат“, настан организиран од познатата активистка за женските права и заштита на децата од родовата идеологија, Кели Џеј Кин од Англија.
Кели Џеј Кин е веќе неколку недели на турнеја низ повеќе градови во Австралија и секаде е пречекана од агресивни антипротести организирани од транс-активисти што се залагаат за „родова еднаквост“, со цел да ја замолчат. Исто така, и левичарските медиуми не ја пропуштаат можноста да ја етикектираат и оцрнат, но таа е упорна и не се откажува од својата парола „Јас никогаш не сум губитник“.
На настанот што се оддржа во саботата на 18-ти март, пред Парламентот во Викторија имаше неколку стотици присутни и повеќе говорници, жени од различни слоеви, различни професии и различни убедувања, меѓу кои и Кетрин Дејвс и Моира Диминг од Либералната партија, и претставници на ЛГБ заедницата. Воочливо беше тоа што на страната на мирниот протест што беше организиран од Кели Џеј Кин, се вееше и шареното знаме, со што јасно се даде до знаење дека транс-активистите воопшто не се залагаат за правата на лезбејките, хомосексуалците и бисексуалците, како што тврдат.
Жените зборуваа и изразија револт против нивното насилно бришење од историјата со тоа што се нарекувани „носители на матки“, „носители на вагини“, „цис“ и сл. навредливи изрази, револт за тоа што му наштетуваат на психофизичкиот развој на децата и револт за тоа што, за да ја спроведат својата агенда, транс-активистите ги цензурираат сите со спротивно мислење.
На настанот самоиницијативно се појавија и група мажи од Националното социјалистичко движење облечени во црно и со маски, кои држеа транспарент со пораката „Уништете ги фриковите педофили“.
Очекувано, транс-активистите имаа организирано контра-протест, на кој повторно ја покажаа својата агресивна и насилничка страна. Иако имаше силно обезбедување од многубројна полиција, како и коњаница, кои имаа формирано кордон за да ја заштитат Кели Џеј и оние што се дојдени да ги чујат говорите, сепак се случија неколку инциденти предизвикани од страна на транс-активистите од Мелбурн. Имаше неколку напади, пришто во едниот транс-активист се обиде да го истргне австралиското знаме од рацете на еден од групата мажи во црно, а во друг инцидент се случи кога младо момче што се идентификува како жена, нападна една од говорничките, повозрасна жена, ѝ го истргна микрофонот од рацете и налудничаво почна да вриска дека ги поддржува трансродовите „права“ (да, ова на видеото е момче). Една жена заврши и во болница, a полицијата уапси најмалу двајца транс-активисти (снимка од апсењето).
Бидејќи транс-активистите почнаа физички да ги напаѓаат и да ги повредуваат полициските коњи со цел да го пробијат кордонот и да ги нападнат жените, Кели Џеј реши да го заврши настанот 15-тина минути порано.
Повеќе на Тwitter
Преносот во живо на YouTube
Целосна снимка од подруг агол на Facebook
Comments