top of page

ПОСТОЈАТ ЛИ АНТИПОЛОВИ ДВИЖЕЊА И КОИ СЕ ТИЕ?



Трансродовите активисти, кои се претставуваат како „бранители на човековите права“, особено на маргинизираните групи, во пракса се антиполови движења, кои не само што го дискриминираат полот, туку во одредени случаи вршат дискриминација и на ЛГБ заедницата. Еве како тоа изгледа и како тоа се случува во пракса.


Ако во спортот има натпревар во женска категорија, за трансродовите активисти е важно само да си жена по род, па дури и ако лицето по пол е маж. Со тоа тие покажуваат дека не им пречи ако во тој спортски натпревар полот е различен, па дури и супериорен над женскиот пол. Според нив, родот е поважен од полот, дури и во спортот, каде што е важна биолошката реалност (полот), а не личната заменка на лицето (родот).


Сè почесто слушаме и за натпревари за најубава и најзгодна жена (популарно: МИС), во кои победуваат мажи, затоа што родот станува услов за номинација, а не полот (биолошката и физичката карактеристика), иако и овде се оценува физичкиот изглед (она што е врзано за полот), а не личната заменка или внатрешното чувство на лицето.


Истото се случува и во секоја друга сфера на опшествениот живот, каде што има поделба на мажи и жени. За некој да има право да влезе во женски тоалет, соблекувална, бања, шелтер центар, женски затвор... клучен критериум е родот, а не полот.


Ова го прават и во ситуации кои се толку апсурдни, затоа што е очигледно дека полот е основната причина за поделба или дефинирање на делото. На пример, насилството на мажите врз жените, анти-половите активисти го нарекуваат „родово-базирано насилство“, но тоа воопшто не е точно. Главната причина зошто мажите можат и вршат насилство врз жените, не е затоа што личната заменка на жената е послаба, туку затоа што жената физички е послаба од мажот (во најголем број случаи). Ако мажот физички би бил послаб од жената, не би му текнало да ја тепа. Тоа значи дека ваквите насилства се базираат на полот (физичките карактеристики кај мажот и жената), а не на родот (личните заменки).


Сепак, антиполовите движења инсистираат да го користат терминот „род“ и во вакви случаи, па на крај читаме и апсурдни наслови, каде што пишува дека (трансродова) жена силувала жени, со нејзиниот пенис, иако всушност станува збор за маж т.е. лице од машки пол.


Тие одат до таму што вршат дури и дикриминација на лицата од хомосексуалната заедница (над хомосексуалците и лезбејките), барајќи од лезбејките во нивите групи да прифатат мажи, кои се идентификуваат како жени.


Во Лондон, лезбејска група е нападната како трансфобична и осудена од трансродови (антиполови) активисти, затоа што на нивен лезбејски собир одбиле да примат маж со пенис во ерекција, кој се идентификува како жена. Џени Ватсон, која го организирала настанот за запознавање на лезбејки, одбила да го прими лицето кое било од машки пол и поради тоа станала предмет на закани и заплашувања од страна на трансродовите (антиполови) активисти, а менаџерот на клубот го прекинал настанот.


Но, Џени била во право што не му дозволила на мажот да биде дел од нив, бидејќи за да бидеш лезбејка (жена хомосексуалец) треба да си лице од женски пол, а не од женски род. Но, за антиполовите активисти полот не е важен, туку родот.


Дури и ЛГБТИ+ активистката Ирена Цветковиќ, при нејзиното готување на вестите на Сител изврши дискриминација врз хомосексуалната/геј популација. Кога водителот (од машки пол) ја праша Цветковиќ дали е хомосексуален брак ако тој се идентификува како жена и сака да склучи брак со друг маж, таа му одговори: „ако вие се чувствувате како жена, како може тоа да е истополов брак, кога стапуваат во брак - жена и маж“.


Со тоа Цветковиќ, заради неговиот род, го „избриша“ неговиот пол. Но, факт е дека тоа лице (маж) дури и ако по род се идентификува како жена, тој сè уште е од машки пол. Неговите физички карактеристики и полов орган сè уште се машки, па според тоа, таа врска, дури и според ЛГБТИ+ дефинициите, и понатаум е хомосексуална. Според речникот на ЛГБТИ+, еве што се вели: Геј (хомосексуалец) – маж кого физички и/или емотивно го привлекуваат исклучиво личности од истиот пол“. Забележете, во дефиницијата се вели „личности од исти пол“, а не „од исти род“.


Токму затоа родовата идеологија и родовите активисти се антиполово движење и тие вршат дискриминација на оние кои се идентификуваат според нивниот пол, вклучително и на геј и лезбејската, а особено на бисексуалната популација. На овој начин, тие со фаворизирање на родот на сметка на полот, ја негираат и бришат биологијата, реалноста и науката. Ова движење и овие активисти стануваат антиполови и антинаучни движења.

bottom of page