Шведски документарен филм / репортажа за штетата што им се прави на т.н. транс-деца.
Овој документарен филм беше подготвен од Каролина Џемсби, независен новинар посветен на истражувачкиот журнализам, а емитуван на националната телевизија STV.
Репортажата дава осврт на слабата научна поткрепа за хормонската терапија и блокаторите на пубертетот што им се даваат на деца и адолесценти што се збунети за својот пол и каква катастрофална и доживотна штета прават врз здравјето на младиот човек.
Наспроти широко распространетиот аргумент на транс-активистите дека доколку децата не „сменат“ пол, ќе се самоубијат, документарниот филм ни го покажува сосема спротивното – таквите деца имаат други пропратни психички проблеми, така што дури и да им се потврди нивниот род што го избрале, тие остануваат несреќни, продолжуваат да се самоповрдуваат и имаат тенденции кон самоубиство.
Гледајќи го самиот филм, ќе ви се јават безброј прашања:
Зошто транс активистите безмилосно ги отфрлуваат оние што детранзитирале?
Зошто по секоја цена се обидуваат да ги замолчат ваквите репортажи?
Зошто, иако е јасно дека се прифатени од шведското општество, продолжуваат да бараат права, како да се потиснати и маргинализирани - истиот наратив што се слуша и на наше тло?
Зошто транс-активисти, коишто самите немаат деца, тврдат дека се позагрижени за децата отколку самите родители?
И најголемото прашање што се поставува е: каков човек е потребно да си за, не само да дозволиш, туку и да охрабруваш и намерно да прикриваш кога децата доживотно се осакатуваат и страдаат, само за да си ја зачуваш сопствената идеологија во целост?
Погледнете ја репортажата и кажете ни во коментари кои други прашања си ги поставивте додека го гледавте филмот.
Кире Тошевски:
"Кога умот ти кажува дека си во погрешно тело, а ти го "лечиш" телото,(значи се дијагностицира последицата, а не изворот и причината на истата,за да се спречи и лечи нормално...) и замислете тоа го нарекуваат "лек" кој го спречува и деформира природниот тек и процес,и го употребуваат на деца кои не се ментално способни да расудуваат за ова...Мислам, т.е сигурен сум дека еден ден ќе одговараат за ова-и пред себе, и пред законот за ЗЛОСТОРСТВА ПРОТИВ ЧОВЕШТВОТО.Во споредба со овие, Менгеле е хуманист...Катастрофа...Човек да се расплаче..."