Викторијанската комисија за законски реформи во Викторија, Австралија, предлага да нема задолжителна регистрација во регистарот за осудени сексуални предатори, туку секој судија индивидуално да носи одлука дали осуденото лице за сексуално злоставување да биде регистрирано или не, бидејќи, според нив, моменталниот регистар е "преобемен и прескап".
До сега, секој таков злосторник беше минимум 4 години запишан во регистарот, а максимум- доживотно, зависи од случајот.
Регистрираните сексуални предатори мораа задолжително да ја информираат полицијата за нивните лични податоци и адреса, и не им беше дозволено да се работат со деца. [1]
Но, со новиот предлог, нивната локација нема да биде следена и тие ќе можат да аплицираат за работа со деца и други ранливи групи.
Јавниот обвинител во сенка, Мајкал Обрајан, воопшто не е воодушевен од предлогот и вели:
"Судиите немаат кристална топка за да знаат дали еден сексуален престапник повторно ќе изврши престап, така што постои вистинска загриженост да им се даде власт на судиите да отпишуваат осудени сексуални престапници од регистарот."
Од Лабористичката влада на викторијанскиот премиер Даниел Ендрус, изјавија дека го разгледуваат предлогот, но сѐ уште немаат донесено одлука. [2]
Изминативе неколку месеци, Хералд Сан во неколку наврати објавија статии со приказни и фотографии од сексуални предатори и педофили од последните 2 години, укажувајќи со тоа дека новиот предлог е сосема ужасен за безбедноста, особено на децата. [3]
Дали ова е почеток на официјално легализирање на педофилијата, останува прашање што многумина си го поставуваат.
------------------
Фото: сексуални предатори од Мелбурн, Австралија
Извори:
[2] Daily Mail - Why some of Australia's most sickening sex offenders could soon be allowed to live FREE in the community UNCHECKED
[3] Herald Sun - Victoria’s sex fiend teachers: Rinjana West, Timothy Richardson, Theodore Conos and Craig Liefting
Comments