top of page

РАБОТНА ЗАДАЧА ЗА ДЕЦА ОД ЧЕТВРТО ОДДЕЛЕНИЕ: СНААТА ПЛАЧЕ ЗАШТО СВЕКРВАТА НЕ УМРЕЛА

Еден од нашите коалициони партнери ни достави извадок од работна задача по македонски јазик за деца од 4-то одделение. Лекцијата е за дијалектите во јазикот, но приказната којашто наставничката ја избрала за да ги „научи“ децата не само што е морално и етички дискутабилна, туку е и ужасно страшна.


Оваа работна задача беше дадена на четвртооделенци (деца од 9 години) во едно од училиштата во населба Центар во Скопје.


Го повикуваме сите родители, доколку наидат на вакви содржини, да ни ги испратат на koalicija@zadecata.org и да имаат повеќе храброст да ги посочат наставниците со име и презиме, за да се бара одговорност од секој којшто се нарекува учител, а не размислил доволно на какви вредности треба да ги учи децата.


Доколку молчењето на родителите од страв продолжи, состојбата во образованието никогаш нема да се промени и децата никогаш нема да можат да се изградат во здрави личности.


Од нас зависи иднината на нашите деца!


bottom of page