top of page

ССО – ПАТОТ ДО МАКЕДОНИЈА


"Комитетот препорачува на државата-членка да интегрира во училишните програми задолжително, соодветно на возраста, сексуално образование, вклучително и образование за сексуално и репродуктивно здравје и права, осигурувајќи се наставниците да играат значајна улога во борбата против родовите стереотипи" - Организација на Обединети Нации, извадок од „Завршни забелешки 6-тиот периодичен извештај за ФИРОМ

Предлог-Концепцијата на МОН за основно образование наиде на многу критики во јавноста, од многу различни аспекти. Жестоки реакции за: историја, географија, музичко, ликовно… Сепак, една крајно сериозна тема остана неотворена и непозната за јавноста – родовата сензитивност на новиот вид образование, кое го предлага МОН. Граѓаните се „смирувани“ од МОН дека сексуалното образование е изборен предмет во деветто одделение и ништо повеќе. Јавноста само тоа го знае. НИКОЈ не зборува за тоа што всушност претставува Сеопфатно сексуално образование, кои теми ги изучува, од каде доаѓа и кој го спроведува.


Имајќи ја предвид горе цитираната препорака од Обединетите Нации, очекувано е голем дел од одговорите за сексуалното образование, кое тие го препорачуваат, да започнеме да ги бараме токму од нив.


УНЕСКО, ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ


УНЕСКО, специјализираната агенција на Обединетите Нации за образование, во 2018 година има издадено документ: „Меѓународно техничко упатство за сексуално образование“, поддржано од UNAIDS, UNFPA, UNICEF, UNWOMAN и Светска Здравствена Организација.


Иако не е спомнато во насловот на техничкото упатство, она за кое зборува упатството е токму Сеопфатното сексуално образование (ССО). Според ова Упатство, ССО не е само сексуално образование, кое нам ни е познато, туку тоа е составено од 7 компоненти, како што следува:




Во контекст на Предлог-концепцијата на МОН, она што е од особен интерес, е 3-тиот клучен елемент на ССО, предложен од УНЕСКО, односно „Разбирање на родот“, кој ги опфаќа следните теми:



Овој документ, за разлика од Концепцијата на МОН и појаснувањата од МОН, јасно и недвосмислено ни открива и повеќе детали за тоа дека „интеграцијата на родовата перспектива низ наставните програми на ССО е составен дел на ефективноста на програмите на ССО“.


Сега, дали ако Предлог-концепција на МОН содржи поглавје: „Обезбедување родова сензитивност/рамноправност“ кое ќе биде застапено „во наставните програми на сите предмети каде што тоа е можно“, веќе е јасно дека Сеопфатното сексуално образование (ССО) НЕ Е САМО ИЗБОРЕН ПРЕДМЕТ ВО 9-ТО ОДДЕЛЕНИЕ? Зошто институциите и организациите ја дезинформираат јавноста на оваа тема?


За да дознаеме повеќе за тоа како да го разбереме концептот на род, Техничкотo упатството нè упатува во поглавјето во кое се дадени дефиниции за користената терминологија. Па така, тука можеме да се информираме дека:

​– РОДОВ ИДЕНТИТЕТ: Длабоко почувствувано внатрешно и индивидуално искуство на една личност за нејзиниот род, што може да одговара или не, со полот што му е доделен при раѓање. Ова го вклучува личното чувство на телото кое може да вклучува, доколку е слободно избрано, модификација на телесниот изглед или функција (со медицински, хируршки или други средства).

​– РОДОВО ИЗРАЗУВАЊЕ: Како една личност го изразува својот род пред светот, на пример, преку нивното име, облека, како одат, зборуваат, комуницираат, општествените улоги и нивното општо однесување.

​– ХЕТЕРОНОРМАТИВНОСТ: Верување дека хетеросексуалноста е нормална или стандардна сексуална ориентација.

Овој документ оди и понатаму и јасно го објаснува делот од препораката на ОН, кој се однесува на „соодветно на возраста“.


Па така, можеме да разбереме дека, на пример, за возраст од 5-8 години децата треба:


  • да ја разберат разликата меѓу биолошкиот пол и род;

  • да го дефинираат родот и биолошкиот пол и да опишуваат како тие се разликуваат;

  • да искажуваат како тие се чувствуваат во врска со нивниот биолошки пол и род.


Веќе на 9-12 години децата треба:

  • да го дефинираат РОДОВИОТ ИДЕНТИТЕТ;

  • да објаснат како нечиј родов идентитет може да не се совпаѓа со неговиот биолошки пол;

  • да осознаат дека секој има родов идентитет;

  • да го почитуваат сопствениот родов идентитет;

 

Токму така, целта на родово-сензитивното образование е да ги научи децата на пет годишна возраст дека родот е флуиден и независен од полот, дека без разлика на нивниот пол, тие можеби се заробени во погрешно тело и ако чувствуваат дека се нешто друго, тоа е сосема во ред, па дури и пожелно.


Родово-сензитивното образование или „Обезбедување родова сензитивност/рамноправност“, како што е наречено во новата Концепција на МОН (страна 11), ќе биде дел од целокупната образовна програма: „Ваквите содржини се застапени во наставните програми на сите предмети каде што тоа е можно…“. Оттука, овој елемент од ССО, кој го промовираат МОН и ХЕРА


  1. НЕМА ДА БИДЕ ИЗБОРЕН;

  2. НЕМА ДА БИДЕ ЗАСТАПЕН САМО ВО IX-TO ОДДЕЛЕНИЕ,


ТУКУ ЌЕ БИДЕ ЗАСТАПЕН ВО СИТЕ ОДДЕЛЕНИЈА И ВО СИТЕ ПРЕДМЕТИ КАДЕ ШТО Е ТОА МОЖНО И ЌЕ БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ЗА СИТЕ, како што тоа впрочем го наложуваат и ОН!


Во обидот оваа вистина да биде сокриена од јавноста, од официјални претсавници беше дадена изјавата: „Во новата концепција која е објавена на страната на МОН во делот за „родова сензитивност/рамноправност“ меѓу другото се образложува оправданоста за сексуално образование како придонес за намалување на распространетите родови стереотипи, нееднаквост, дискриминација и насилство“.

​КАКО ТОА СОДРЖИНИ КОИ ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД „СИТЕ ПРЕДМЕТИ КАДЕ ШТО Е ТОА МОЖНО“, МОЖЕ ДА ПРЕТСТАВУВААТ ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ЗА ИЗБОРЕН ПРЕДМЕТ ВО IX-ТО ОДДЕЛЕНИЕ!

Обидувајќи се да ја изманипулираат јавноста и да не ја обелоденат главната цел на новата Концепција, промоторите на ССО несмасно „се фаќаат“ во сопствените лаги.

 

Она што исто така загрижува од наративот на Техничкото упатство на УНЕСКО, е дека повеќе пати нагласува дека ССО има за цел „да промовира разбирање на универзалните човекови права, вклучително правата на децата и младите луѓе“. Се спомнува и дека Упатството е цврсто засновано на бројни меѓународни конвенции за човековите права, кои ја вклучуваат и Универзалната Декларација за Човекови Права. Но, во документот никаде не се спомнува член 26 став (3) од оваа Декларација, согласно кој „Родителите имаат првенствено право да го изберат видот на образованието што ќе им биде дадено на нивните деца“.


Дополнително, согласно овој документ: „резултатите се засноваат првенствено на главните заклучоци од два процеси за прегледување на доказите, нарачани од УНЕСКО, во 2008 и 2016 година.“ Сепак, не е земен предвид и не е направено ажурирање после Прегледот од Глобалното истражување, кој е објавен во мај 2019 година и кој објавува резултати од спроведени анализи врз достапните ССО програми ширум светот, согласно кои:

​„доказите најдени во меѓународната база на податоци на УНЕСКО не го поддржуваат тврдењето дека сеопфатното сексуално образование или ССО во училиштата е ефективна стратегија за јавното здравје“

Можеби затоа што не е нарачан од УНЕСКО?



СВЕТСКА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА


Како што може да се разбере од Упатството на УНЕСКО, Светската Здравствена Организација е отворен поддржувач на идеите кои ги промовира ССО. Но, уште еден чекор напред, за разбирање на ССО се „Стандардите за сексуално образование во Европа“. Повторно, иако не е експлицитно наведено во насловот, видно од содржината, станува збор за ССО и притоа е дадена матрица за тоа што треба да усвојат децата „соодветно на возраста“. Ова се дел од стандардите на СЗО за децата до 6-годишна возраст:


Стандарди за сексуално образование во Европа, СЗО


Отприлика усогласени со оние на УНЕСКО.


Во овој документ на СЗО, зборот „IPPF“ се среќава 56 пати на 68 страници. IPPF се среќава во најголем дел од референците на кои се повикува СЗО, а кои се наведени во библиографијата на документот. Во матрицата „соодветна на возраста“ наведено е дека децата на возраст поголема од 9 години, треба да добијат информации за сексуалните права и тоа токму како што се дефинирани од страна на IPPF!



IPPF – МЕЃУНАРОДНА ФЕДЕРАЦИЈА ЗА ПЛАНИРАНО РОДИТЕЛСТВО





Па така, стигнавме до главниот центар, односно главниот медијатор за широко распространување на ССО ширум светот. Организацијата Меѓународна Федерација за Планирано Родителство (International Planned Parenthood Federation, IPPF) претставува глобална НВО организација со поширока цел да го промовира сексуалното и репродуктивното здравје. IPPF е финансирана и/или е подржана од организации кои се наведени во долниот дел на графиконот:


  • Светската Здравствена Организација, СЗО (World Health Organization, WHO);

  • Обединетите Нации, ОН (United Nations, UN);

  • Фондот за деца при Обединетите Нации (United Nations Children’s Fund, UNICEF);

  • Програмата за развој при Обединетите Нации (United Nations Development Program, UNDP);

  • Фондот за население при Обединетите Нации (United Nations Population Fund, UNFPA;

  • Европската Комисија (European Commission);

  • Организацијата за Економска Соработка и Развој (Organization for Economic Co-operation and Development, OECD), итн.


Од друга страна, IPPF оперира во 142 држави во светот „со цел да обезбеди помош, совети, услуги и материјали, кои се однесуваат на кој било аспект на сексуалното и репродуктивното здравје“. Овие услуги се испорачуваат преку здруженија – членки на IPPF. Здруженијата – членки се прикажани во горниот дел на графиконот и имаат различни називи во секоја држава. Така, на пример:


  • ХЕРА е во Македонија (тука важно е и да се нагласи дека токму ХЕРА е предлагачот за новата Концепција на МОН во делот на ССО);

  • Планирано Родителство е во САД;

  • Бугарската Асоцијација за Семејно Планирање и Сексуално Здравје е во Бугарија, итн.


Притоа, шемата прикажана на графиконот не ги вклучува сите организации кои играат улога на оваа тема, туку само еден дел кој е и повеќе од доволен да укаже дека проектот за ССО е глобален проект, кој во нашата земја се спроведува преку потпишаните меѓународни договори, а преку работата на ХЕРА.


Доколку ја погледнете наставната програма за сексуално образование, издадена и промовирана од IPPF, „Сè е едно“, сигурно ќе најдете многу заеднички точки со упатствата на СЗО и ООН.


Приложените илустрации се дел од книгата „Тоа е сосема нормално“, наменета за најмалку 10-годишна возраст, која во некои држави е достапна во училишните библиотеки и исто така се користи во наставните програми за ССО, а е промовирана од Планирано родителство.


Наставна програма „Тоа е сосема нормално“ – Планирано Родителство


Повеќе за контроверзната страна на IPPF и нејзиниот член Планирано Родителство, како и за судската пресуда која потврдува дека Планирано Родителство е вклучено во нелегална трговија со абортирани фетуси, можете да прочитате во статијата: ССО – Контроверзната страна.


Значи…

​Нашата држава потпишала „меѓународно обврзувачки документи“. Позади тие меѓународно обврзувачки документи стојат СЗО, ООН и останати организации чии упатства во врска со сексуалното образование веќе ги видовме, а особено тенденцијата за концептот за флуидност на родот кој како независен од полот треба да им се наметне на децата од 4-5 годишна возраст. Потоа, овие организации ја финансираат и/или поддржуваат IPPF која промовира исти или слични концепти. IPPF има членка во Македонија – ХЕРА, која е предлагач на новата Концепција на МОН, во која родово-сензитивното образование е задолжително за сите одделенија од основното образование.


ОБУКА ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА РОДОВА СЕНЗИТИВНОСТ


Па, изненадување ли е што наставниците веќе се обучуваат за разликите помеѓу пол и род и дека половиот орган не е полово определена разлика меѓу мажите и жените?


Иако во јавноста МОН не зборува транспарентно за Сеопфатното сексуално образование и намерата истото да биде спроведено, јавно достапен е допис разменет меѓу МОН и Владата, од кој видно е дека Агендата на МОН е токму ССО, на предлог на ХЕРА. Во тој момент МОН единствено „крои“ стратегија како да го воведе, а веќе сега гледаме дека тоа е преку суптилно провлекување на задолжителната родовата сензитивност како еден од седумте делови, кои го чинат ССО, прикриен со изборниот предмет во девето одделение- сексуално образование.


Во продлжение се дел од информациите од дигиталниот курс Обука на наставници за примена на родовата сензитивност во основните училишта, во организација на Институтот за човекови права, кои треба да ги восприемат наставниците за да можат понатаму да ги пренесат на учениците во основното образование. Сетете се, Предлог-концепцијата сѐ уште не беше донесена во 2021 година, а веќе се знаеше наставниот материјал и се обучуваа наставниците. Во продолжение се прикажани делови од овој курс.



Обука на наставници за примена на родовата сензитивност во основните училишта – Институт за човекови права


Оваа обука е дел од поширок проект „Намалување на родовите стереотипи во образованието“ финансиран од Норвешка и Шведска, а секако поддржано од СЕП и ООН.


Имајќи го сето ова предвид, особено дефиницијата или подобро кажано, дефинициите за родовиот идентитет, не може, а да не се запрашаме: Дали целта на Предлог-концепцијата на МОН во делот на поглавјето Обезбедување родова сензитивност/рамноправност не е ширење на хомосексуалната идеологија и транс-родовата идеологија? Зошто во обуката за наставниците, половиот орган не е полова разлика? Затоа што половиот орган може да се промени? И ова треба да го знае дете од 4 години, кое не е развиено критички да размислува? Дека е родово неутрално и може самото да одлучи дали ќе биде: машко, женско, ниту едно или и двете?


Брошура за правата на ЛГБТ – ХЕРА



МЕЃУНАРОДЕН ОТПОР


Последиците од оваа пропаганда се очекувани, а видни и преку статистики во земји каде ССО и родово-сензитивното образование е вдомено повеќе години. Пример, статистиките во Обединетото Кралство се поразителни.


Развоен центар за родов идентитет, Тависток Центар Лондон


Деца, почнувајќи од тригодишна возраст, се обраќаат во родови клиники, затоа што се несреќни со телото во кое се родени! Децата постари од 11 години се третирани со силни хормони, кои ќе го спречат пубертетскиот развој. Овие хормонални терапии „треба да им купат време на децата додека да одлучат дали сакаат да бидат машко или женско“.


ССО е универзална агенда, од која, веројатно ниту една држава во светот не е или нема да биде поштедена.


Затоа, постои и меѓународен отпор!


Отворена е Меѓународна петиција која ги повикува Обединетите Нации, владите и училиштата низ целиот свет, веднаш да престанат со промовирање и финансирање на штетното сеопфатно сексуално образование (превод од Меѓународната петиција на македонски јазик).



bottom of page