top of page

ДИРЕКТОРОТ НА ПЛАНИРАНО РОДИТЕЛСТВО: ДЕЦАТА СЕ СЕКСУАЛНИ ОД РАЃАЊЕ И ТРЕБА ДА БИДАТ ПОРНО-ЕДУЦИРАНИ

Извршниот директор на Планирано родителствo тврди дека децата се раѓаат „сексуални“ и се залага за лекции по порно-писменост за постарите ученици и сеопофатно сексуално образование почнувајќи од градинка. Нивниот партнер ХЕРА, исто така тврди дека децата треба сексуално да се образоваат уште „од најрана возраст“ и се согласуваат со СЗО дека бебиња и деца до 4 годишна возраст веќе треба да знаат за мастурбација.


Бил Травернер, извршниот директор на Планирано родителство, кој во 2015 година се застапуваше за сеопфатно сексуално образование за време на седница на конгресот на САД, тврди дека „сите ние сме сексуални суштества од раѓање до смрт“.


Планирано родителство децидно стои на ставот дека „бебињата, старите и сите измеѓу, доживуваат сексуалност“, известува Daily Mail.


Само три години претходно, Тавернер рече дека децата на одредена возраст треба да учат за порнографија во сексуалното образование. Во едно интервју од 2012 година, тој изјави дека младите имаат потреба за информации, додавајќи дека интернетот има „големо влијание врз тоа како луѓето учат за сексуалноста“, кој став е еднаков на оној од Хера:



Промовирајќи го ставот за да се воведе порнографија на часовите по сеопфатно сексуално образование, Травнер не објасни што точно мисли под тоа, само кажа дека во порнографијата покрај лоши, има и многу добри работи и дека програмата треба да се прилагодува на „модерините времиња“. Притоа додаде дека часови по порнографија ќе им помогне на учениците да си го кристализираат својот став по тоа прашање и да се пронајдат себеси и своите вредности.


Раководството за сексуално образование на Планирано родителство (Planned Parenthood) се надева дека ќе обезбеди материјали за обука за оваа тема на национално ниво и е домаќин на најголемата конференција за сексуални едукатори во САД.


Ваквите ставови наидоа на негативни реакции од голем број родители и граѓани, меѓу кои многумина посочија дека станува збор за промоција на педофилија.


„Да се учи за човечката репродукција во средно училиште е ОК. Порано во оваа земја сексплоатацијата на децата беше, и според мене сè уште е, погрешно нешто. Сега туркаат тоа да го нормализираат. Уште еден чекор кон падот на општеството. Без морал.“

„Вака се идентификува педофилско размислување. Кога некој тврди дека детето е сексуално битие, тие промовираат педофилија“.



bottom of page