Многупати до сега Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Хера се има повикано на стандардите за сеопфатно сексуално образование на Светската здравствена организација (СЗО), но тие никогаш јавно не нагласуваат и не образложуваат дека станува збор за сексуално образование, кое почнува од самото раѓање. Имено, Хера верува дека децата се сексуални битија и тие сакаат да маструбираат и се заинтересирани за сексуални активности од најмали нозе. Повторно треба да се нагласи, тука не станува збор за тинејџери или адолесценти, туку за бебиња и деца до 4 годишна возраст.
Во претходната наша објава, видовде дека самата Хера посочува дека треба да се воведе задолжително сеопфатно сексуално образование почнувајќи од градинка, а во оваа објава фокусот ќе биде на стандардите на Светската здравствена организација (СЗО), на која Хера се повикува и до кои се придржува, и што всушност претставува тоа сеопфатно сексуално образование.
На следните скриншотови може да видите дека Хера се согласуваат со СЗО дека сексуалното образование на децата треба да почне од најрана возраст, односно од самото раѓање. (кликнете на сликите за да стигнете до оригиналните извори)
Сега да погледнеме директно во стандардите на СЗО за сексуално образование. Според овие стандарди, децата треба да бидат запознати со сексуалноста уште од самото раѓање и тие до 4 години веќе треба да знаат како да мастурбираат.
Бидејќи документот го нема на македонски, ви го посочуваме хрватскиот и албанскиот превод.
Во овие стандарди на СЗО, може да се забележи дека тие ставаат посебен нагласок на тоа децата да научат дека е нормално да бидат телесно сексуални со други лица и дека треба да стекнат љубопитност за туѓите тела. Повторно да потсетиме дека станува збор за деца од 0 до 4 години.
Со оглед на тоа што во Македонија сеопфатното сексуално образование сè уште не е спроведено во целост, најсоодветно е да се погледнат примери од земјите во кои тоа веќе е сосема имплементирано пред повеќе години, за да може да разбереме што ќе се случува и во Македонија. Овојпат, примерот ќе се однесува на Шкотска.
Да учиме од поискусните.
Многу родители си го имаат поставено прашањето: зошто мали деца, кои се навикнати да бидат во прегратката на својата мајка и кои половина од својот 4 годишен живот го поминале во телесен контакт со неа додека ги доела, повивала или успивала, имаат потреба да учат за телесна нежност и близина со други луѓе, кои не им се родители, и згора на тоа, не било каков однос, туку конкретно сексуален?! Родителите од Западна Европа, Америка, Канада, Австралија, како и Шкотска, веќе отворено се спротивставуваат на ова и тврдат дека станува збор за подготвување на децата за да бидат жртви на педофилија.
На што точно ги учат децата на училиште во Шкотска, може да погледнеме и од следното видео, каде Ричард Лукас - лидерот на Шкотската партија за семејството, директно го предизвикува поранешниот Секретар за образование и сегашен Заменик прв министер на Шкотска, Џон Свини.
Националниот извор на материјали за врски, сексуално здравје и родителство на Шкотска, отворено кажуваат дека имаат визуелни претстави (слики и видеа) за мастурбација, сексуални односи и порнографија за деца, меѓутоа тие не се достапни за јавноста, туку само за училиштата, со што повторно се ускратуваат правата на родителите транспарентно да знаат што учат нивните деца. На крајот од видеото ќе може да погледнете дел од тие материјали, кои се кријат од родителите.
Потпишете ја петицијата против сексуализација на децата преку сеопфатното сексуално образование.
Commentaires