Во последните 10 години во македонската јавност актуелна е темата околу воведување на сеопфатното сексуално образование (ССО) во училиштата. Главен протагонист и поттикнувач на тоа е невладината организација Хера. Во тој децениски период, Хера многупати излезе со контрадикторни и контроверзни изјави, тестирајќи го теренот, обидувајќи се да ја најде најпогодната почва за да го пласира нејзиниот долгогодишен план, притоа внимавајќи да не наиде на голем отпор, на каков што наиде за време на владеењето на ВМРО, кога тогашниот Министер за образование и наука Спиро Ристовски категорично го отфрли предлогот на Хера за воведување на ССО.
Стравот од отпор, особено отпор од родителите, се должи на тоа што сосема им е јасно дека програмата и темите што ќе се изучуваат по сеопфатно сексуално образование (ССО) се неприфатливи и спротивни на вредностите што нашето општество ги негува. Заради тоа се прави намерно изоставање на факти и несподелување на програмата за ССО со пошироката јавност. Се чини дека тоа е најдобрата стратегија за да стигнат до нивната крајна цел, која е задолжително воведување на ССО уште од предучилишна возраст (подолу образложено со факти и докази).
Коалицијата за заштита на децата активно ги следеше настаните и успеа да прибере доволно податоци, за да може транспарентно да ги презентира на јавноста, со што родителите да можат самите да ги проверат тие информации и да донесат информирана одлука во врска со тоа дали ќе го прифатат сексуалното образование што им се нуди на нивните деца.
Во оваа објава ќе ги разгледаме само следниве прашања: дали ССО ќе биде задолжително или само изборен предмет, кој поддржува воведување на ССО и за која возраст ќе се воведе истото во училиштата.
Во изминативе три-четири години, Хера уверува дека нема потреба од паника, затоа што ССО не се наметнува на сите деца, туку ќе биде само изборен предмет и ќе го изучуваат само оние деца што сакаат.
Меѓутоа, активистите на Хера до сега многупати, лично и преку нивните партнери, имаат ставено до знаење дека нивната крајна цел е воведување на задолжително ССО за сите ученици (кликнете на сликите за да стигнете до оригиналните извори).
Во следното видео може да видите како активистката Драгана Дрндаревска изјавува дека од Хера бараат воведување на задолжително сеопфатно сексуално образование и дека тие нема да се откажат од таа цел.
Од кратката биографија на Драгана Дрндаревска, објавена на веб страницата на Хера, ги дознаваме следните значителни факти:
Дрндаревска се занимава исклучиво со „унапредување на правата на ЛГБТИ лицата, сексуални работници, корисници на дроги и лица кои живеат со ХИВ“, што јасно става до знаење дека таа воопшто не е компетентна да зборува или ургира за ССО, освен доколку единствена цел е нормализирање на ЛГБТИ и сексуалната работа во Македонија, почнувајќи од децата преку воведување на ССО.
Повторно од нејзината биографија може да се види дека таа е член на повеќе организации и иницијативи, вклучувајќи ги управниот одбор на Хера, дел од тимот на Коалиција Маргини, дел од иницијативите Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, Мрежата за заштита од дискиминација, ЛезФем итн. (не е познато колкав е бројот на организации што се подразбираат под тоа 'итн.'). Што значи, едни те исти активисти отвараат бројни организации, кои потоа ги користат како средство за покажување искривена и лажна слика за сила и масовна поддршка на нивните испланирани агенди за образованието. Така, минатата година можевме да прочитаме дека дури „93 граѓански организации велат 'да' за реформи во основното образование“, меѓу кои и сите наведени во биографијата на Дрндаревска од која самата таа е дел. По оваа логика, доколку регресивно редуцираме, се поставува прашањето дали реално има барем 10 организации кои поддржуваат воведување на ССО.
За време на овогодинешниот Прајд, Дрндаревска и ЛезФем промовираа и поттикнуваа на полиаморија, односно групен секс и сексуални врски со повеќе партнери во исто време. Логично е да заклучиме дека какви сексуални практики промовираат, тоа практикуваат и тоа сакаат да го нормализираат и направат прифатливо помеѓу децата.
Посебно внимание сакаме да обрнеме на крајот од видеото, каде се истакнува дека: „европски лидер по ова прашање е Холандија. Таму децата со сеопфатно сексуално образование се запознаваат уште на 4 годишна возраст.“ Се разбира, ова е податок приложен од Хера и нивното потенцирање на возраста е со точна одредена цел, која ќе ја откриете подолу. Неодамна Хера оддржа „Национална конференција“, на која амбасадорот на Холандија, Дирк Јан Коп, аргументираше дека ССО треба да се воведе затоа што луѓето размислуваат на секс на секои 20 минути, следствено, со оглед на тоа што во Холандија ССО е воведено од најмала возраст, Хера и амбасадорот практично ја испратија пораката дека 4 годишни деца размислуваат на секс на секои 20 мин и затоа мора да имаат сексуално образование.
Во текот на последните три години, активистите на Хера многупати го сменија ставот. Најпрво зборуваа за пилот-програма по ССО за осмо и деветто одделение, потоа, откако заврши пилот-проектот, ни сугерираа дека учениците сакале да се воведе ССО „многу порано и за пониските одделенија“, а пред два месеца бараа воведување на истото само за девето одделение.
Минатата година нашите коалициони партнери Преземи Одговорност и Од нас за нас почнаа интензивно да известуваат дека сеопфатно сексуално образование се планира да се воведе од предучилишна возраст, односно од градинка. Тоа беше демантирано од Министерството за образование и наука и „Вистиномер“ („факт чекери“, кои тенденциозно пласираат лажни вести).
Но, погледнете не што велиме ние или некои од нашите коалициони партнери, туку што вели самата Хера по тоа прашање.
А сега да погледнеме што велат и официјални владини извори:
Собраниската Kомисијата за еднакви можности на жените и мажите одржа јавна расправа на тема: Годишен извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2017 година. На јавната расправа беа донесени следните заклучоци:
(под точка 8) Да се воведе сеопфатно сексуално образование како задолжително и за предучилишна и за училишна возраст;
Во прилог, дописот од Министерството за образование и наука до Хера, каде може да ги видите и сумите предвидени за Хера и ССО, како и тоа дека откако ќе се тестира програмата во погорните одделенија, сеопфатното сексуално образование ќе се воведе за сите одделенија - од прво до деветто. Оригиналниот допис може да го проследите и на линкот од веб-сајтот на МОН.
И, Националниот план за акција за родова еднаквост 2018-2020 со активности во надлежност на МОН - оригиналниот линк од веб сајтот на МОН:
Иако Хера и Министерството за образование и наука се должни да бидат транспарентни кога носат промени што ги засега сите граѓани на Македонија, тие упорно продолжуваат со таење на програмата за ССО и се демантираат самите себе и нивните документи и изјави, кои се јавно достапни на нивните веб стајтови.
За разлика од нив, Коалицијата за заштита на децата им ја дава можноста на родителите да си го задржат правото да бидат родители и суверено да одлучуваат за доброто на своите малолетни деца, што е загарантирано право со закон.
Им препорачуваме на родителите откако внимателно ги разгледаат горенаведените факти, да донесат информирана одлука за образованието на сопствените деца, и доколку не се согласуваат за воведување на сеопфатно сексуално образование од градинка, да ја пополнат нашата анкета и да ја потпишат петицијата.
Comments