top of page

ГЕЈТС ГИ ФИНАНСИРА ПЛАНИРАНО РОДИТЕЛСТВО, КОИ ЕКСПЛИЦИТНО УЧАТ ДЕКА ДЕЦАТА СЕ СЕКСУАЛНИ ОД РАЃАЊЕ




Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс донира милиони долари годишно на невладини организации, кои тврдат дека децата се раѓаат сексуални и треба да учат за „комерцијалната сексуална работа“ (проституцијата) уште пред 10-годишна возраст, известува Фокс Њуз.


Меѓународната федерација за планирано родителство (IPPF) има значително влијание врз глобалното сексуално образование. Оваа невладина организација опфаќа 120 независни организации во над 146 земји и од Гејтс има добиено над 80 милиони долари. Друг значаен донатор на оваа невладина организација е и Светската здравствена организација.


Прирачникот објавен во 2017 година нуди увид во тоа како IPPF го спроведува сексуалното образование ширум светот.


„Сексуалната активност може да биде дел од различни видови врски, вклучително и запознавање, брак или комерцијална сексуална работа“, - IPPF вели дека ова треба да им се предава на деца под 10 години.


На децата под 10 години, исто така, треба да им се каже дека „како што ќе растат, можеби ќе почнат да се интересираат за луѓе со различни родови идентитети“, се вели во прирачникот.


IPPF во повеќе случаи сугерираше дека децата се раѓаат сексуални т.е. имаат потреба од сексуални активности. Децата под 10 години треба да ги учат дека „сексуалноста е дел од нив од моментот кога се родени. Нивната сексуалност се развива и се менува во текот на нивниот живот“, како и тоа дека „секс-позитивноста признава дека човечките битија, вклучувајќи ги адолесцентите и младите, се автономни сексуални битија“.

Сексуалните едукатори, според Меѓународната федерација на планирано родителство, треба да имаат „разбирање за младите како сексуални битија “.


„Сите луѓе се сексуални битија со сексуални права, без оглед на нивната возраст“, ​​велат тие, и додаваат: „Сексуалните права вклучуваат... право да се каже да или не за секс; право да се изрази сексуалноста, вклучувајќи го и правото да се бара задоволство; правото да се ужива телесна автономија...“


И покрај фактот дека IPPF го дефинира детето како лице под 18 години, што е дефиниција според Конвенцијата на ОН за правата на детето, прирачникот не кажува приближно на која возраст е способно детето да се согласи на сексуални односи со возрасен. Во него се наведува:


„Здруженијата-членки се охрабруваат да ги користат постоечките докази за да ги проценат најдобрите старосни параметри во нивниот локален контекст“.


Меѓународната федерација на планирано родителство е главниот партнер на Асоцијацијата Хера, која пак го спроведува сеопфатното сексуално образование во Македонија по теркот на IPPF и која експлицитно застапува став дека сексуалното образование треба да отпочне од најрана, предучилишна возраст. Исто така, Хера е една од организациите која ја промовира проституцијата како "работа како и секоја друга работа" и се залага за декриминализација на истата.

bottom of page