top of page

ХЕРА И „ВИСТИНОМЕР“ ПОВТОРНО МАНИПУЛИРААТ ЗА ДА ГО ИЗБЕГНАТ БЛАМИРАЊЕТО



После повеќе од 2 години откако Преземи Одговорност објавува дека Хера е во партнерство со Планирано родителство, Хера одеднаш сега се сети дека не е тоа точно и се буни против објавата на Коалицијата за заштита на децата.

Да видиме што викаат Хера за „Вистиномер“:


Она што Хера се обидува да го каже е дека Планирано родителство од САД и Меѓународната федерација за планирано родителсдтво (МФПР) се две различни организации, кои единствено меѓу себе се поврзани само со тоа што Планирано родителство од САД е членка на МФПР.

Но, да видиме што вели најобичната енциклопедија — Википедија:


Според Википедија, основач и на двете организации е американката Маргарет Сангер. За тоа која е Маргарет Сангер веќе имаме зборувано, но да потсетиме накратко:

Нејзиниот главен мотив за основање на Планирано родителство лежи во евгеничниот [1] и расистички порив да ги уништи црнците, кои ги сметала за долни, никакви, одвратни животни. Затоа таа во 1923 година, во Најголемите достигнувања во историјата на контрацепцијата, ќе рече:

"Постепено поттикнување, елиминирање и на крај, конечно истребување на дефектните стоки (се мисли на црнците - заб.на уред.), тој човечки какол што му се заканува на расцветувањето на најпрефинетите цвеќиња на американската цивилизација". [2]

Уште еден цитат од Сангер од нејзината книга од 1920 година "Жената и новата раса" глава 5:

"Најмилостивото нешто што една голема фамилија може да го направи за својот новороден член (новородено бебе - заб.на уред.) е да го УБИЕ".

Понатаму, во историјата на Планирано родителство, што може да ја најдете на нивниот веб сајт, отворено се вели:



Или во превод:

Додека прифаќањето на репродуктивните права од страна на државата беше бавно, глобалниот напредок беше брз. Во Бомбај, Меѓународната федерација за планирано родителство (МФПР) беше основана на 3-та меѓународна конференција за планирано родителство. Маргарет Сангер беше нејзин претседател од 1952 до 1959 година. Денес, Федерацијата за планирано родителство на Америка е Асоцијација членка на МФПР од САД.

Универзитетот од Њујорк дополнува со детали како американката Маргарет Сангер била главната движечка сила за создавање и работење на новото МФПР што произлегло од Планирано родителство.

А Хера и „Вистиномерите“ се обидуваат да го маскираат сето ова и да покажат дека едната со другата организација немаат никаква врска и дека тоа што Хера е поврзана со МФПР нема никаква врска со Планирано родителство од САД и со нивното ССО. Со среќа докажувањето...

Но, дури и да поверуваме на таквите манипулации, сепак јасно е дека да се биде партнер со МФПР и не е некоја гордост.

Во 2015 година, МФПР ја тресеше скандалот дека продава органи од абортирани бебиња, што е потврдено од страна на Европскиот парламент. Всушност, она што ќе го забележите е дека Европскиот парламент вели дека има 10 видеа, на кои се прикажува дека „МФПР учествуваат во продажба на органи и ткива од абортирани фетуси“ и најдолу приложуваат линк со обвиненија за Планирано родителство од САД. Зарем и Европскиот парламент ги измешал организациите, или тоа што ги поистоветува, значи дека станува збор за една иста организација? [3]

Во 2019 година, МФПР ја тресеше скандал дека врши злоупотреба на финансиски средства. Имено, одговорни лица на високи позиции собрале милионски суми за наводни состаноци на кои никогаш не присуствувале, плаќање на трошоци за училиште што не постои, купување на наводно големо земјиште коешто не е ниту половина хектар, вршеле булинг на вработените, и иако долго време имала сознанија дека сето тоа го прават одредени лица, организацијата воопшто не покажала никаков интерес да преземе навремени мерки. [4]

Истата таа година, голем дел вработени на високи позиции дадоа отказ, а десетици организации партнери на МФПР го откажаа партнерството, затоа што на виделина излегоа и сериозни сексуални престапи. Според DailyMail, Меѓународната федерација за планирано родителство (МФПР) ангажирала проститутки за персоналот, донаторите и гостите кои присуствувале на официјални настани во Африка, а исто така нудела и млади волонтери (малолетни) на возрасни лица, за да им даваат сексуални услуги. [5]

--------------

Извори:

[1] https://mk.m.wikipedia.org/.../%D0%95%D0%B2%D0%B3%D0%B5...

[2] https://americaneedsfatima.org/.../21-quotes-by-margaret...

[3] https://www.europarl.europa.eu/doceo/document/E-8-2015-013157_EN.html

[4] https://www.dailymail.co.uk/news/article-6636357/Boss-fraud-scandal-charity-bankrolled-132m-British-aid-sent-witch-porn-female-worker.html

https://www.dailymail.co.uk/news/article-6636357/Boss-fraud-scandal-charity-bankrolled-132m-British-aid-sent-witch-porn-female-worker.html

[5] https://www.dailymail.co.uk/news/article-7045455/British-sexual-health-charity-handed-132m-foreign-aid-provided-prostitutes-staff.html


 

Преземено од: Преземи Одговорност

140 views0 comments
bottom of page