Вчера, 4-ти април, на шестоодделенци од основното училиште Димитар Миладинов во Скопје, на одделенски час им бил даден тест кој содржел прашања со сензитивни и морално контраверзни теми од сексуалноста, БЕЗ согласност на нивните родители.
Едно од децата го фотографирало тестот и го покажало на своите родители, поради што мајката силно е вознемирена.
Тестот е од изборниот предмет по „Животни вештини“. Родителите реагираат зошто ваков тест со содржини од ИЗБОРЕН предмет им се даваат на деца кои не го избрале тој предмет.
Потсетуваме дека согласно член 26 (став 3) од Универзалната декларација за човекови права: „Родителите имаат првенствено право да го изберат видот на образованието што ќе им биде дадено на нивните деца“.
Исто така, согласно член 11 од Уставот на република Македонија, родителите имаат неприкосновено право да ги образуваат своите деца согласно нивниот морален интегритет.
Еве некои од прашањата што ги содржи тестот:
11. Што НЕ е точно за сексуалните игри меѓу врсници во пубертетот?
а) Ги прават повеќето деца, но тајно.
б) Ги прават само момчињата
в) Обично не дискутираат со возрасните.
г) Може да се прават и со лица од ист пол.
14. За девојките е здраво да имаат сексуални односи:
a) По првиот месечен циклус.
б) По десет редовни месечни циклуси.
в) Кога ќе се почувствуваат спремни.
г) Откако ќе се омажат.
(Точниот одговор според прирачникот е под В. Значи ги учат дека ако се почувствуваат спремни и на 12 години, тогаш е ок да имаат сексуални односи. Важно е само „чувството“ на спремност)
15. Истото прашање со истиот точен одговор е даден и за машките.
16. Девојките можат да го допираат својот полов орган само:
а) Со чисти раце.
б) Откако ќе се омажат.
в) Ако навистина мораат.
г) Под тешка закана.
Фотографиите од тестот се објавени најдолу на оваа објава. Уште колку време ќе им биде потребно за да почнат да ги тераат децата да ги прашуваат своите родители за својата ерекција и ејакулација за да стигнат до очекуваниот „прогрес“ како во Австралија, каде за домашна работа на 10 годишни девојчиња им било кажано ова да го прават?!
Коалицијата за заштита на децата апелира родителите да се ангажираат во целосен увид за тоа што им се сервира на нивните деца на училишните клупи. Оние кои го наметнаа сосила Сеопфатното сексуално образование, најдоа начини да ги вметнат истите содржини и во другите наставни предмети. Секако, на ова поле активно работиме и ние како Коалиција со скенирање на овие содржини и ловење на вметнатите содржини. Доколку и вие забележите дека на вашите деца им биле наметнувани контраверзни содржини, кои се косат со вашиот морален интегритет, ве молиме да нè контактирате на
koalicija@zаdeсаta.org
Нашите деца се наша заедничка одговорност!
(Кликнете на сликите за да се зголемат)
Comments