top of page

ТРАНС ВОЗОТ: КОМОРБИТЕТИ

Во овој документарен филм, насловен како ТРАНС ВОЗОТ, ќе може да погледнете истражување во врска со тврдењето дека младите трансродови лица мора веднаш да започнат со терапија за промена на својот физички опис, бидејќи во спротивно ќе се самоубијат. Се разбира, доказите покажуваат дека таквото тврдење не само што нема никаква основа, туку е исценирано од самите ЛГБТИ+ активисти.


Она што навистина јасно може да се види во оваа репортажа е тоа што поголемиот број на деца, особено девојчиња, воопшто немаат родова дисфорија, туку страдаат од други трауми и ментални заболувања, што влијаат врз формирањето на идејата дека сакаат да бидат спротивниот пол.


Сепак, клучна улога во откривањето на вистината кај една ваква млада личност игра психијатарот/психологот. Психијатарот или психологот може да ги натера да тргнат низ провалијата, од која нема враќање, или може да ги натера да размислат, да се преиспитаат, да го откријат вистинскиот извор на нивната несигурност и аверзија кон сопственото тело. Во случајов, психијатар, достоен да се нарече доктор, успеа да спаси едно девојче од тоа да стане доживотен пациент и да си отсече здрави делови од телото.







bottom of page