top of page

УШТЕ ЕДНА ПОБЕДА ЗА БУГАРИЈА: КОНЕЧЕН РАСПЛЕТ НА СЛУЧАЈОТ „БЕБЕТО САРА“



Ако една земја членка на ЕУ го признае родителството на истополово партнерство, сите останати земји членки мораат, исто така, да го признаат - констатира Европскиот суд во 2021 год.


Но, Врховниот административен суд на Бугарија одлучи дека бебето Сара, чии „родители“ се две жени, едната бугарски државјанин, а другата е од британски Гибралтар, ќе остане без документи за идентификација, и покрај тоа што кон крајот на 2021 год. Европскиот суд ја задолжи Бугарија да ги издаде истите.


Сара е родена со помош на инвитро на територијата на Шпанија, каде добила извод на родените во кој се впишани двете жени како мајки. Меѓутоа, ниту една од трите држави не сака да издаде документи за самоидентификација, т.е. пасош.


Шпанија откажува да издаде документ, бидејќи ниту една од жените не е шпански државјанин, а Велика Британија не издава, поради тоа што Гибралтар е задморска територија.


По налог на Европскиот суд, Административниот суд на Софија дала наредба на софиската општина Панчарево да издаде документи за бебето, во кои ќе бидат впишани двете жени како мајки, пришто општината тоа го одбила со изговор дека постојат административни пречки за таквата постапка (треба да се изврши промена на формуларите, жените одбиле да кажат која е биолошката мајка итн.).


Откако беше утврдено дека биолошката мајка на детето е жената со британско државјанство, минатата недела Врховниот суд на Бугарија го отфрли барањето за издавање на документи, со образложение дека Сара не е бугарски државјанин.


Одлуката е конечна и не може да се оспори.


Ова е уште една победа, со која се праќа јасна порака: родители можат да бидат само мајка и татко, не постои „родител 1“ и „родител 2“.


Comments


bottom of page