top of page

БАРАЊЕ ЗА РАЗЈАСНУВАЊЕ НА СТАВОВИТЕ НА АМБАСАДАТА НА САД И УСАИД ВО ВРСКА СО ПОДДРШКАТА НА ЛГБТИ+ АКТИВИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА

На ден 05.02.2025 г. Коалицијата за заштита на децата испрати Барање за разјаснување на ставовите на Амбасадата на САД и USAID во Македонија во однос на нивната понатамошна поддршка на невладините организации кои ја спроведуваат ЛГБТИ+ агендата во Македонија, со оглед на новонастанатите политички промени со стапување на власт на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.


Прочитајте ги обраќањата до Амбасадата и USAID во превод на македонски сумирани во една целина, а во прилог и двата оригинални дописи.


Почитувани,


Во име на Коалицијата за заштита на децата - Македонија, колектив составен од 30 организации кои се посветени на заштита на традиционалните семејни вредности и се застапуваат за благосостојбата на децата, ви се обраќаме со цел повеќе да нѐ информирате за континуираниот ангажман и соработката на Амбасадата на САД и УСАИД со организации чии идеологии не се усогласени со конзервативните принципи што ги поддржуваат многумина, вклучително и актуелната администрација на американскиот претседател Доналд Трамп.


Неодамна, претседателот Трамп силно ја критикуваше и презеде соодветна акција против она што вообичаено се нарекува "воук" агенда, која во себе ја вклучува ЛГБТИ+ агендата, сексуализацијата на децата и други контроверзни културолошки прашања. Во контекст на овие неодамнешни случувања, ние сме особено загрижени за поддршката, партнерството и спонзорството на Амбасадата и УСАИД на организации кои ги промовираат овие вредности. Посебно загрижува тоа што логоата на Амбасадата и УСАИД сѐ уште се видливо истакнато на веб-страниците на таквите организации, како Хелсиншки комитет, Еквалис, Метаморфозис, ХОПС, Акција Здруженска и други.


Во врска со актуелните настани, со почит бараме појаснување за ставот на Амбасадата и УСАИД, со оглед на тоа што забележуваме продолжителна соработка со овие групи. Дополнително, бараме да нѐ информирате дали Амбасадата и УСАИД имаат план да ја преиспитаат или повлечат својата поддршка, особено имајќи ја предвид зголемената загриженост околу влијанието на овие организации, како во Соединетите Држави, така и на глобално ниво.


Го цениме вашето внимание по ова прашање и очекуваме транспарентен одговор, кој ќе ни помогне подобро да го разбереме ставот на Амбасадата на САД и УСАИД, и нивната усогласеност со вредностите и на македонската и на американската заедница.


Ви благодариме за вашето внимание.


Со почит,


Коалиција за заштита на децата






Kommentare


bottom of page