Со изговор за предавање за "родова еднаквост" и "училиште без насилство", ЛГБТИ+ организацијата Центар Е8 во Белград им држела предавања на деца од 6-то одделение за хируршка промена на полот, за тоа дека мажот може да стане жена, а жената маж, за тоа дека пол не е исто што и род, за меѓупол, прифаќање истополови врски итн. Притоа, децата пополниле и некаков прашалник без знаење на родителите, бидејќи за сето ова Советот на родители не бил известен.
Една мајка сведочи: "Децата ни кажаа дека предавањата ги држеле двајца мажи, кои биле чудно облечени и кои се однесувале чудно". А некои од наставниците потврдуваат дека имало разговор и за тоа дали момчињата можат да се шминкаат.
Родителите видно бесни побарале оваа програма целосно да биде прекината, поради што училиштето ја раскинало својата соработка со Центарот Е8.
댓글